Свет
Затворени гласачките места во Ирак
Гласањето на парламентарните избори во Ирак, кое мина во знакот на бројни напади, заврши попладнето по средноевропско време
Делумните резултати од гласањето се очекуваат во четврток, а конечните, според најавите на Обединетите нации на 18 март.Најмалку 38 жртви во бомбашки, ракетни и топовски напади беа регистрирани денеска во Ирак, а на главниот град Багдад паднаа околу 70 гранати. Напади беа забележани и во Фалуџа, Бакуба, Самара.Ова без втори парламентарни избори во Ирак во последните седум години од падот на режимот на Садам Хусеин.Во Ирак со население од 28 милиони жители, околу 20 милиони имаат право на глас кои може да гласаат за 325 член на парлементот за што претендираат 6.200 кандидати предложени од повеќе од десет политички партии и 12 коалиции од шиитски, сунитски, курдски организации.Неделните избори се тест за младата демократија во Ирак, велат аналитичарите, и се клучни да се оцени дали земјата има демократски капацитети, но и безбедносни за да не дозволи ескалација на насилствата пред да почне и последната фаза од повлекувањето на американските сили што треба да заврши до крајот нa 2011 г.Премиерот Нури ал-Малики утре ќе се обиде да го освои вториот мандат ветувајќи поголема безбедност и обезбедување на услови за подобар живот. Најголеми конкуренти ќе му бидат поранешните шиитски коалициони партнери и фракционерите предводени од поранешниот премиер Ијад Алави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

