Македонија
Караџоски најави тужба за Селами
Директорот на Македонски шуми Жарко Караџоски ќе поднесе тужба против претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Илми Селами за клевета, сметајќи дека зад хајката против него стои лице од самото претпријатие
„Да се изнесуваат клевети и да се изнесуваат невистини е преголема одговорност за една ваква институција. Со оглед на тоа што јас не сум обичен човек, сепак станува збор за една политичка фигура, осум години бев пратеник, ова јасно укажува дека некој сака да ме деградира како личност и уште повеќе сака да им наштети на мојата чест и углед. Јас немам друг начин освен сето ова да го докажам на суд, поточно да го повикам Илми Селами тоа што го тврди да го докаже на суд и за сево ова ќе се гледаме на суд кога ќе ја поднесам тужбата за клевета“, рече директорот на јавното претпријатие „Македонски шуми“, Жарко .Караџоски. Тој се сомнева дека го мести некој од јавното претпријатие, бидејќи бил прв директор кој го прекинал незаконското работење на многумина.„Ме мести некој овде во јавното претпријатие. Тоа можам најодговорно да го кажам, не можам да речам ВМРО или СДСМ, немам докази, не знам кој е човекот, но ме местат оние на кои што им влегов на некој начин во еснафот и им прекинав голем дел од незаконското работење во ова претпријатие. На многумина им ги скратив задоволствата и јас сум првиот директор на претпријатие кој што има и казнето и избркано од работа и суспендирано. Најверојатно не сум поскапуван бидејќи држам до дисциплина и работам чесно“ вели Караџоски.Тој ги отфрла наводите на ДКСК дека потрошил околу 11.500 евра за ручеци и вечери и направи споредба со претходните години, колку пари тогаш биле потрошени за вакви потреби.Според него во споредба со минатите години почнувајќи од 2008 г. бил потрошени многу помалку пари за услуги во споредба со минатата година. Според него, за 2010 г. не биле потрошени 11.500 евра за угостителски услуги, туку 10.000 евра.„Во исто време напоменувам дека приходите на јавното претпријатие во трите овие години се движи околу две милијарди денари. За да се каже дали некој е домаќин или недомаќин во работењето, не може да се каже врз основа на само една ставка од расходите, која што не учествува ниту со еден отсто во рамките на вкупните приходи. Би било за критика доколку претпријатието работи со загуби, доколку не ги подмирува обврските кон државата, не дава плати, доколку не ги подмирува обврските кон добавувачите“, вели Караџоски.Тој вели дека антикорупциската комисија требало да направи анализа на документацијата во претпријатието и само врз основа на докази да изнесува вакви наводи. „Ова требало да го направи антикорупциската комисија, а за ова да го направи не им тежеше ниту на членовите на ДКСК да направат увид, а не да ги базираат своите информации врз основа на една претставка“ вели Караџоски.Тој тврди дека овие фактури за угостителски услуги не се фиктивни и вели дека не биле исплаќани по шест, седум фактури на ден, туку дека се работело за книжење. „Не станува збор за никакви фиктивни фактури, туку за реализирани реални фактури. Овие фактури не се ни платени, како може некој да испумпа пари, а притоа да не се ни платени тие фактури“ вели Караџоски. Тврди дека не земал надоместок за користење на приватно возило, како што тврди ДКСК, како и дека за потребите на претпријатието користел само службено возило. Тој најави дека ќе биде направена ревизија, а работењето на претпријатието и овој извештај најави дека ќе го достави до ДКСК, а ќе го изнесе и пред јавноста. Државната комисија за спречување на корупција покрена иницијатива за разрешување на директорот на „Македонски шуми“, Жарко Караџоски.Според документацијата со која располага ДКСК, јавното претпријатие потрошило околу 11.500 евра за ручеци и вечери. За артикли за репрезентација, само во 2010 г. биле потрошени околу 6.500 евра. Покрај вообичаените артикли за репрезентација биле набавени и скапи алкохолни пијалаци, најчесто виски. Спроед истите наводи , араџоски заедно со неговиот возач, Љупчо Здравески примале пари како да патувале со службено возило на релација Скопје – Прилеп, иако патувале со приватно возило. За ова им биле исплатени околу 850 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

