Контакт

Свет

Асад ненадејно се појави меѓу илјадниците негови поддржувачи во Дамаск

Објавено пред

Сирискиот претседател Башар ал-Асад во средата ненајавено се појави на плоштадот Умајад во центарот на главниот град Дамаск меѓу повеќето илјади учесници на митингот кои се собраа за да му изразат поддршка нему и на неговата влада, јавија локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Сирискиот претседател Башар ал-Асад во средата ненајавено се појави на плоштадот Умајад во центарот на главниот град Дамаск меѓу повеќето илјади учесници на митингот кои се собраа за да му изразат поддршка нему и на неговата влада, јавија локалните медиуми.„Дојдов до вас на овој митинг, плоштадот Умајад во Дамаск, кој е плоштад на слободата, отпорот, историјата и е нашата национална гордост. Сакам да бидам со вас, бидејќи јас сум еден од вас. Јас сум Сириец и син на својот народ!“, изјави претседателот Башар ал-Асад пред насобраната маса луѓе, пренесе сириската државна телевизија.Опкружен од голем број телохранители, сирискиот лидер изрази „благодарност за нивната поддршка и патриотизмот“ на сите што излегоа во средата на улиците и плоштадите на повеќе градови во земјата, јавува официјалната агенција SANAИлјадници приврзаници на претседателот Асад во текот на целиот ден одржуваат митинзи за негова поддршка не само во Дамаск, туки и во градовите Алепоп, Латакија, Деир- аз-Зор, Дера’а и  Ал-Суваиди.Бранот масовни митинзи во поддршка на Асад кој спроведува „независна надворешна политика и програма на реформи“, се случува во Сирија, откако сирискиот претседател во вторникот имаше пламен говор на Универзитетот на Дамаск.Во Сирија речиси десет месеци не престануваат анти-владините протести, кои започнаа во средината на март. Секојдневни се извештаите за загинување на цивили и вооружени припадници на безбедносните сили. Според ОН вкупниот број на жртвите во Сирија надминува 5.000 луѓе. Според официјален Дамаск, пак, бројката загинати надминува 2.000 луѓе од кои најмалку повеќето се униформирани припадници на безбедносните сили, а за крвавите безредија се обвинуваат „терористички групи уфрлени надвор од земјата“.Арапската лига во неделата се изјасни за продолжување и зајакнување на нејзините набљудувачки мисии во Сирија. Оваа одлука на Арапската лига доаѓа и покрај критиките од страна на невладините организации дека набљудувачката мисија не го спречила крвавото пресметување на сириската власт со опозицијата.Набљудувачка мисија на Арапската лига во моментов има 165 експерти од разни области на безбедноста и човековите права во Сирија каде што започнаа со работа на 26-ти декември и веќе посетија голем број градови, вклучувајќи ги Хомс и Дера’a кои се сметаат за центар на бунтот и каде што се пријавени најжестоките судири меѓу опозицијата и безбедносните сили со најголем број жртви./крај/сана/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“

Објавено пред

Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.

dobivaj vesti na viber

Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.

Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.

Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.

Прикажи повеќе...

Свет

Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.

dobivaj vesti na viber

Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.

Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.

Прикажи повеќе...

Свет

Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд

Објавено пред

Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.

dobivaj vesti na viber

Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.

И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември...

Свет12 часа

Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните

Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска...

Македонија13 часа

Уставниот суд веќе ја потврди законитоста на одлуките за вонредната состојба, му одговори Пендаровски на премиерот Мицкоски

Поранешниот претседател Стево Пендаровски му возврати на премиерот Христијан Мицкоски поради неговата изјава дека има основани сомнежи за уставноста и...

Македонија15 часа

Мицкоски: Мафијашки упади во времето на вонредната состојба, случајот со Жан Митрев отвора прашања и за одлуките на Пендаровски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко...

Топ16 часа

Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош

Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско....

Македонија16 часа

Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот...

Македонија19 часа

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција...

Свет20 часа

(Видео) Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Австралиските власти соопштија дека 20 лица се спасени од надојдени води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, поради обилните...

Свет20 часа

„Политико“ Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор со САД поради најавата за царини и барањата за Гренланд

Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран...

Македонија2 дена

Филипче го повика Жан Митрев да оди кај обвинител и да поднесе кривична, најави и тужби: „Ова не е политика, сега ќе ги тужам“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рече, јавен линч против него преку лаги,...

Македонија2 дена

Вандализиран паркот „Бановина“ во Аеродром – искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната, а провалено е и во чуварската куќа

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната...

Топ2 дена

Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт

Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје...

Македонија2 дена

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории,...

Свет2 дена

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...

Свет2 дена

Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија

Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот...

Спорт2 дена

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото...

Свет2 дена

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет2 дена

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија3 дена

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...