Спорт
Денеска во велеслалом ќе скија вистински принц

На денешниот натпреварувачки ден во Ванкувер во машкиот велеслалом за прв пат во историјата ќе настапи спортист кој има сина крв.
На денешниот натпреварувачки ден во Ванкувер во машкиот велеслалом за прв пат во историјата ќе настапи спортист кој има сина крв.
Педесет и едно годишниот принцот Хубертус вон Хохенхоле кој има германско потекло е единствениот мексикански спортист кој ќе настапи во Ванкувер а вкупно петтиот од олимпијадата во 1984 година.
Принцот вон Хохенхоле е потомок на принцот Алфонсо Хохенхоле и принцезата Ира Фустенберг од Германија, но е роден во Мексико со што и добил мексиканско државјанство па затоа може да се натпреварува за Мексико.
Принцот поминува само неколку недели во годината во Мексико а главното живеалиште му е во Виена каде работи како фотограф и уметник.
Посебно внимание од медиумите во Ванкувер привлече и 24- годишниот Мухамед Абас од Пакистан кој почнал да скија на дрвени скии кои самиот ги направил.
Според зборовите на Абас единствена желба за денешниот велеслалом му е да дојде до целта во едно парче.
„Можам добро да скијам. Се разбира не на натпреварувачко ниво, но доволно да дојдам до целта во едно парче“ изјави Абас.крај/хина/чикагоноу/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јовиќ потпиша договор со АЕК

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ потпиша договор со АЕК Атина, објави клубот.
Финансиските детали и времетраењето на договорот не беа откриени, но грчките медиуми тврдат дека Јовиќ се согласил на двегодишен договор, при што српскиот фудбалер треба да заработи вкупно шест милиони евра.
Својата кариера ја започна во Црвена звезда, а потоа играше за Бенфика, Ајнтрахт Франкфурт, Реал Мадрид и Фиорентина. Последните две сезони ги помина во Милан.
Одигра 45 натпревари за српската репрезентација и постигна 11 гола.
Спорт
Партијата на суд под обвинение за силување

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Томас Парти, претпладнево се појави во Судот за прекршоци во Вестминстер во Лондон откако беше обвинет за силување.
Тој е обвинет за пет обвиненија за силување и едно обвинение за сексуален напад. Сите наводни кривични дела се случиле помеѓу април 2021 и јуни 2022 година.
Облечен во црн џемпер и држејќи јакна во рака, тој брзо помина покрај новинарите и фотографите во судницата.
Неговата адвокатка, Џени Вилтшир, претходно изјави дека фудбалерот ги негира сите обвиненија и со нетрпение ја очекува можноста „конечно да го исчисти своето име“.
Парти, на суд беше условно ослободен по обвиненијата за силување и сексуален напад. Условите за негово ослободување предвидуваат дека 32-годишниот Парти не смее да контактира со ниту една од трите жени и дека мора да ја извести полицијата за секоја трајна промена на адресата или меѓународно патување, објави Би-Би-Си.
Полицијата соопшти дека започнала истрага против Парти во февруари 2022 година, кога првпат добила пријава за силување.
Петте обвиненија за силување се однесуваат на две жени, додека обвинението за сексуален напад се однесува на трета жена.
Парти го напушти Арсенал откако му истече договорот, кој траеше до 30 јуни, а четири дена подоцна беше обвинет за силување.
Арсенал во 2020 година за услугите на Парти на Атлетико Мадрид му плати 50 милиони евра..
Спорт
Сити му нуди нов договор на Родри
Манчестер сити му понуди нов договор на Родри. Освојувачот на Златната топка ја пропушти сезоната поради тешката повреда на лигаментите. Отсуството на Родри се рефлектираше врз резултатите на тимот. Сити не освои ниту еден трофеј и се до три кола пред крајот му висеше пласманот во Лигатана шампионите.
Иако деталите не се познати, а со тоа и точната бројка, речиси е сигурно дека тој би стнал вториот најплатен играч во тимот, веднаш по Ерлинг Халанд. Исто така, познато е дека овој договор би важел до 2029 година.
Минатата сезона Родри одигра само осум натпревари во сите натпреварувања.
Фото/ Принтскрин