Македонија
Поднесување на даночни пријави и за време на викенд

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува граѓаните дека крајниот рок за поднесување на Годишна даночна пријава истекува на 15-ти март/понеделник.
Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува граѓаните дека крајниот рок за поднесување на Годишна даночна пријава истекува на 15-ти март/понеделник.За таа цел сите шалтери на Управата за јавни приходи ќе работат за време на претстојниот викендПоднесување се врши и во Контакт Центарот на УЈП, лоциран во ГТЦ 2-ри кат (над кино Милениум), кој работи секој ден од 09.00 до 20.30 часот, а во недела/14-ти март ќе работи од 9 до 17 часот. Во Контакт Центарот, својата даночна пријава можат да ја поднесат и граѓаните од другите градови во Македонија, кои моментално живеат и работат во Скопје.Граѓаните имаат можност Годишната даночна пријава да ја поднесат и по пошта на адресата на Регионалната Дирекција на УЈП, на која и припаѓаат според местото на живеалиште наведено во нивната лична карта. УЈП воведе и бесплатен телефонски број 0800 33 000 на кој што граѓаните може да се информирате дали треба да поднесат Годишната даночна пријава, како да ја пополнат и каде да ја поднесат. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода денеска корисниците од улицата Црвена Скопска Општина

Од ЈП Водовод и Канализација добиено е известување дека денеска, поради дефект во шахта (промена на шибер во шахта ф 50 мм) на улицата Кеј Димитар Влахов бр.4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Црвена Скопска Општина (сите објекти кои се наоѓаат на истоимената улица).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работата.
Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, наместа нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.
Времето во наредните денови
Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури. Во деновите од викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.