Македонија
Рекордно низок промет на берзата
Рекордно низок промет од само 1.942.839,97 денари ( 31.500 евра) остварен е денеска на македонската берза за хартии од вредност,
Рекордно низок промет од само 1.942.839,97 денари ( 31.500 евра) остварен е денеска на македонската берза за хартии од вредност, при што беа реализирани 33 трансакции.
Понизок промет од овој остварен е единствено на 02.01 и 05.01 2009 година, денови помеѓу Новогодишните и Божиќните празници, кога вообичаено се намалени активностите.
На официјалниот пазар преку 33 трансакции се оствари промет од 1.521.350,97 денари. Прометот на редовниот пазар остварен преку 13 трансакции изнесуваше 421.489,00 денари. МБИ-10 загуби 0,12% од својата вредност и спушти на ниво од 2.442,90 индексни поени.
МБИД со пораст од 0,93% ја зоглеми својата вредност на 2.213,92 индексни поени. ОМБ со намалување од 0,26% ја намали вредноста на 101,52 индексни поени.
Како најтргувана хартија од вредност на официјалниот пазар се издвои државната обврзница за денационализација од осмата емисија со промет од 627.531,07 денари. Просечната цена изнесуваше 76,01% од номиналната вредност при што се постигна намалување од 0,12%. Вкупно се истргуваа 13.498 државни обврзници од осмата емисија.
Од акциите најтргувана беше Топлификација Скопје со промет од 189.732,00 денари при истргувани 52 акции. Со просечната цена од 3.648,69 денари беше постигнат пораст од 1,02% на дневна основа.
Државната обврзница од старото девизно штедење оствари промет од 181.644,42 денари при истргувани 3.261 обврзници. Со остваренета просечна цена од 91,07% намалувањето изнесуваше 0,04%.
Македонски Телеком Скопје со остварен промет од 175.258,00 денари беше најтргувана акција од редовниот пазар. Просечната цена изнесуваше 372,89 денари, додека порастот на дневна основа беше 0,51%. Вкупно се истргуваа 470 акции при 5 трансакции.
Со акцијата на Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје се оствари промет од 118.320,00 денари при истргувани 1.160 акции. Просечната цена која беше без промени изнесуваше 102,00 денари по акција.
Макпетрол Скопје објави ценовно чувствителна информација според која на ден 05.08.2009 година акционерското друштво планира да изврши исплата на дивиденда.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Р.Македонија – Денационализација 08
2. Топлификација Скопје
3. Р.Македонија – Девизни Влогови
4. Македонски Телеком Скопје
5. Стопанска Банка Битола
Хартии од вредност со најголем пораст
1. РЖ Услуги Скопје 9,52%
2. Стопанска Банка Скопје 7,46%
3. Прилепска Пиварница Прилеп 1,39%
4. Топлификација Скопје 1,02%
5. Алкалоид Скопје 0,57%
Хартии од вредност со најголем пад
1. РЖ Интер-Трансшпед Скопје 17,14%
2. Жито Вардар Велес 4,30%
3. Макстил Скопје 3,93%
4. Р.Македонија – Денационализација 03 2,96%
5. Р.Македонија – Денационализација 05 1,28%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ спроведе засилени контоли кај операторите со храна во близина на училиштата
Во рамки на 445 инспекциски контроли спроведени во последните десетина дена, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече 15 забрани за вршење на дејност на оператори со храна, додека 696 килограми небезбедна храна од непознати добавувачи беа запленети и уништени, соопшти АХВ.
Контролите биле насочени особено кон објектите во непосредна близина на основни и средни училишта, од каде учениците најчесто купуваат храна.
Инспекциските проверки откриле дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдиле незадоволителни хигиенски услови, а од вкупно контролираните, 26 оператори не биле регистрирани во АХВ.
„16 оператри немале имплементирано процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а дури 32 немале спроведено задолжителен здравствено-саниратен преглед на вработените лица. Тројца оператори немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, а 7 од контролираните објекти не ги задоволувале техничките услови за вршење на дејноста. Несоодветно означена храна со контролите била затекната кај седуммина оператори со храна“, стои во соопштението на АХВ.
За утврдените неправилности, АХВ изрече парични казни за 77 оператори во вкупна вредност од 36.470 евра. Издадени се 103 решенија за отстранување на недоследностите и 23 опомени.
Македонија
Денеска сончево, од утре голема промена на времето
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 5, а максималните од 16 до 20 степени целзиусови.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната 16 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Македонија
ЦУК: Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла
Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Р.С.Македонија“, стои во известувањето од ЦУК.

