Спорт
Мурињо: Моравме да бираме – Скудетото или ЛШ
Жозе Мурињо тврди дека Интер мораше да бира помеѓу Скудетото и Лигата на шампиони и откри дека Рикардо Кварезма е подготвен за враќање.
“Во моментов сме инфериорни во однос на Барселона, Челзи и Манчестер Јунајтед”- кажа Мурињо за португалскиот весник A Bola.”Убеден сум дека доколку стигневме до 1/2 финалето во Лигата на шампиони ќе го загубевме Скудетото”- додаде тој.”Не им продавам бајки на луѓето и на стартот на сезоната кажав дека немаме потенцијал да предизвикаме во врвното европско натпреварување”.”Интер, како и Милан, Јувентус, Баерн Минхем и Порто се меѓу останатите клубови кои треба да се подобрат за да достигнат до крајот на натпреварувањето”- продолжува Мурињо.Нераѕурите ја освоија четвртата по ред титула во Серија А, но се бореа за да ја одржат својата доминација на Стариот континент.Многу од бараните трансфери на Мурињо минатото лето се покажаа како “утка”, најмногу Кварезма, кој дојде од Порто за 20 милиони фунти и беше позајмен на Челзи во јануари.”Најверојатно тој ќе се врати кај нас, но сигурно ќе треба да направиме нешто за тој да се вклопи во составот”- вели португалецот.Кварезма не беше воопшто популарен меѓу фановите на Интер и беше исвиркуван секогаш кога ќе ја допреше топката.Што се однесува до Мурињо, тој стана првиот странец меѓу тренерите кој победил во Серија А во својата деби сезона со тимот по Честмир Вицпалек со Јувентус во 1972 година.”Многумина мислат дека сакам да го напуштам Интер, но тоа не е вистина”- кажа Мурињо.”Вистина е дека сакам да ги освојам титулите во три различни лиги. Победив во Англија и Италија и би сакал да го сторам тоа и во Шпанија. Тоа е мојата цел, но имам многу време пред себе”- заклучи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навреден од понудата за новиот договор Бензема стапи во штрајк
Карим Бензема стапи во штрајк, навреден од понудата што ја добил од Ал-Итихад за продолжување на договорот.
Договорот на Бензема истекува на крајот од сезоната 2025/26. Тој заработува неверојатни 1,61 милион фунти неделно, или повеќе од 230.000 фунти дневно, објави „Дејли Мејл“.
Според пишувањата на француските медиуми, и 38-годишниот Бензема и клубот сакале да ја продолжат соработката. Сепак, откако клубот му ја презентирал понудата во четвртокот, напаѓачот бил толку лут што решил да не игра против Ал Фатех (2:2).
Бензема почнал да тренира одвоено од остатокот од составот бидејќи смета дека првата понуда за продолжување на договорот била „навредлива“.
Добитникот на „Златната топка“ во 2022 година наводно го обвинил клубот дека го принудил да „игра бесплатно“ на почетокот на неговиот договор, профитирајќи исклучиво од неговите права на имиџот.
Иако Бензема има одлична индивидуална сезона со осум гола на 14 настапи, неговиот Ал-Итихад е шести на табелата на саудиската професионална лига. Се смета дека францускиот напаѓач ги разгледува своите опции да го напушти клубот и да се врати во Европа.
Бензема моментално е третиот најплатен фудбалер во светот со годишна плата од 85 милиони фунти. Лионел Меси заработува малку повеќе од него во Интер Мајами, 96,9 милиони фунти, додека двајцата се во сенка на Кристијано Роналдо, чија плата во Ал-Наср е неверојатни 194 милиони фунти годишно.
Foto/ depositphotos
Спорт
Лига Европа: Црвена звезда против Лил, Динамо оди во Генк
Познати се двојките во плеј-офот, за пласман во озминафиналето, во Лига Европа. На хартија дербито ќе го одиграат Фенербахче и Нотингем Форест. Регионалните великани, Црвена звезда и Динамо Загреб, во оваа фаза за прптивници ги добија Лил, односно Генк.
Плеј-офот во Лига Европа ќе се игра на 19.февруари (први натпревари) и 26.февруари (реванши).
Плеј-оф двојки:

Спорт
(Видео) Тежок пад на Линдзи Вон, трката веднаш прекината
Трката на Светскиот куп во спуст во Кран-Монтана во петокот, една недела пред почетокот на Зимските олимписки игри во Кортина и Милано, беше откажана по неколку падови, вклучувајќи го и оној на американската ѕвезда Линдзи Вон, објавија организаторите.
„Жирито и организаторите одлучија да ја прекинат трката“, соопштија организаторите на Светскиот куп во алпско скијање.
Одлуката ја донесоа откако три од шестте натпреварувачки, кои стартуваа, завршија во заштитната ограда.
Вон ја изгуби рамнотежата на почетокот од патеката и заврши во заштитната мрежа. Една од фаворитките за медал на претстојните Олимписки игри успеа да се врати на скиите, но болката во левата нога беше сепак посилна. Покрај Вин, трката не ја завршија Австријката Нина Ортлиб и Норвежанката Марте Монсен.
Wishing Lindsey Vonn a speedy recovery following her crash in Crans-Montana ❤️ pic.twitter.com/hZ6PcPVvW3
— TNT Sports (@tntsports) January 30, 2026
Ортлиб успеа да се откаже, додека Норвежанката Монсен имаше помалку среќа. Држејќи се за коленото откако беше ослободена од мрежата, Монсен беше врзана за носила и однесена со крваво лице.
Швајцарката Корин Сутер, Американката Жаклин Вајлс и Французинката Роман Мирадоли стигнаа до целта.
Foto/ depositphotos

