Македонија
Антикорупциска комисија бара разрешување на Цветанов
Антикорупциска комисја денеска достави иницијатива до Владата на Република Македонија за разрешување на директорот на Управата за спречување на перeње пари и финансирање на тероризам, Ване Цветанов.
Антикорупциска комисја денеска достави иницијатива до Владата на Република Македонија за разрешување на директор на Управата за спречување на перeње пари и финансирање на тероризам, Ване Цветанов.
Од Државната комисија за спречување на корупција образложија дека наводно Цветанов овозможил нерегуларно и незаконско трошење на средства од буџетот на Република Македонија, во работењето на оваа Управа во 2008 година.
Комисијата како причини за покренување на оваа иницијатива ги наведува, недобивањето согласност од Министерство за финансии за вработување на 29 лица и неприменување на одредбите од Законот за јавни набавки.
„Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам не поднела до Министерство за финансии согласност за вработување на неопределно време за 29 лица, туку тоа го сторила преку Агенција за привремени вработувања. За таквиот висок процент на привремено ангажирани лица управата потрошила 6.326.000 денари, која што сума е поголема споредбено со расходите направени за исплата на плати на редовно вработените“, изјави Илми Селами, претседател на Антикорупциска комисија.
Претходно Цветанов во интервју за неделникот „Форум“ рече дека вработувањата во Управата се вршени согласно Законот за државни службеници и дека согласно истиот бил распишан оглас. Согласно законот, биле прибрани понуди од три агенции, а потоа била избрана најдобрата. Управата во ноември 2008 година доставила барање за вработувања до Министерството за финансии за вработување на лица во редовен работен однос.
Според него станува збор за местенка и дека одредени криминални групи сакаат да го сменат поради предмет што се води во Управата за проневери тешки 10 милиони евра и дека тие дека тие криминални структури имаат влијание врз Комисијата за спречување на корупција.
Во однос на примената на Законот за јавни набавки, Селами рече дека Управата во 2008 година не ги применувала одредбите од Законот поради што не било остварено законско и наменско користење на средства во финансиските трансакции кои што претставуваат државни расходи.
Антикорупциска комисија со проучувањето на целокупната документација со која располагала и по одржаниот состанок со овластените ревизори од Државниот завод за ревизија, кои работеле на изготвување на извештајот донеле заклучок до Владата на Република Македонија да поднесат иницијатива за разрешување на Цветанов. Селами рече дека Владата е таа која ќе донесе конечна одлука за разрешување на директорот на Управата.
Тој изјави дека доколку Владата не донесе правилна одлука ќе се смета дека не постои политичка волја за спречување на корупцијата.
Цветанов денеска не сакаше да ја коментира одлуката на Антикорупциска и рече дека со став ќе излезе во текот на наредната недела./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

