Македонија
ОМ: Нема официјални информации за оправданоста за апсењето на Бошковски
Обединети за Македонија, на денешната прес-конференција потсетија дека поминаа три месеци од, според нив, нечовечкото апсење на лидерот на ОМ Љубе Бошкоски, а досега нема официјални информации за оправданоста на ваквиот чин на власта.
Обединети за Македонија, на денешната прес-конференција потсетија дека поминаа три месеци од, според нив, нечовечкото апсење на лидерот на ОМ Љубе Бошкоски, а досега нема официјални информации за оправданоста на ваквиот чин на власта. „Според наши извори, Кривичниот совет, предводен од судијата-претседател Лидија Неделкова, зад затворени врати повторно го продолжува притворот на г-дин Бошкоски, и од после за тоа ја информира одбраната. Наводно, пак зад затворени врати, веќе било подготвено и обвинението, а тоа значи завршила истражната постапка. Зошто одбраната се уште го нема добиено обвинението доколку постои? Ја прашуваме судијката Неделкова дали можеби ја подготвила и пресудата? Обединети за Македонија прашува: Зошто господа обвинители, судии, истражители, доколку имате докази против нашиот лидер господинот Љубе Бошкоски, потезите ги влечете зад затворени врати и зад грбот на адвокатите на г-дин Бошкоски, кои законски сте обврзани да ги информирате благовремено за секој преземен потег,“ меѓудругото истакна Наталија Ивчева член на Претседателството на Координативното тело на Партијата. крај/со/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Во недела под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер. Во понеделник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали (за 8 до 10 степени). Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Охрид – Ресен
Сообраќајот на патниот правец Охрид – Ресен е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Македонија
Јаневска – Рокас: соработката со Европската унија е од суштинско значење за реализација на планираните образовни промени
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска оствари средба со новоакредитираниот амбасадор на Делегацијата на Европската унија, Михалис Рокас.
Посакувајќи му успешен мандат, Јаневска се заблагодари на амбасадорот Рокас за континуираната поддршка на ЕУ во процесот на реформирање на националниот образовен систем.
На средбата, таа ги претстави тековните активности и планот за поквалитетно образование на сите нивоа.
„Стремежот за полноправно членство во Европската Унија продолжува да биде важен општествен стимул и значаен фактор на кохезија за македонските граѓани, кои пак, од нас како Влада очекуваат современо и модерно образование. Истрајни сме во определбата да ги реализираме промените кои ги претставивме на почетокот на нашиот мандат. Оптимизам и решителност постои, а соработката со Европската унија е од суштинско значење за остварување на зацртаната цел, рече Јаневска на средбата.
Евроамбасадорот укажа на подготвеноста на ЕУ и понатаму да биде посветен партнер на државата во градењето современ образовен систем, кој ќе образува европски граѓани.