Македонија
МБИ 10 оствари пораст од 1,46 отсто
Вкупниот промет при денешното тргување на македонската берза за хартии од вредност беше 5.893.999,54 денари
Вкупниот промет при денешното тргување на македонската берза за хартии од вредност беше 5.893.999,54 денари.
Прометот на официјалниот пазар изнесуваше 5.070.199,54 денари, додека на редовниот пазар прометот беше 823.800,00 денари.
МБИ-10 се покачи за 1,46% така што достигна ниво од 2.470,91 индексни поени. МБИД се зголеми за 0,26%, а вредноста му изнесуваше 2.317,01 индексни поени. ОМБ се зголеми за 0,26% и се позиционираше на ниво од 102,53 индексни поени.
Најголем обем на тргување од официјалниот пазар со вредност од 1.092.680,00 денари имаше акцијата на Топлификација при истргувани 293 акции. Со остварената просечна цена од 3.729,28 денари се постигна пораст од 1,11% на дневна основа.
Државната обврзница за денационализација од петтата емисија оствари вкупен промет од 990.860,04 денари. Со просечната цена од 81,00% се оствари промет од 5,19% при истргувани 20.000 обврзници.
Прометот со Комерцијална Банка Скопје изнесуваше 878.314,00 денари при истргувани 359 акции. Просечната цена од 2.446,56 денари беше доволна за пораст од 3,77%. Акциите се тргуваа во распон од 2.374,00 денари до 2.500,00 денари.
Од редовниот Пазар најтргувана беше акцијата на Прилепска Пиварница со која беше остварен промет од 365.000,00 денари при истргувани 50 акции. Се постигна просечна цена од 7.300,00 денари која беше без промена.
Од редовниот пазар втора по промет беше Тутунска Банка Скопје, со која се оствари тргување во вредност од 325.360,00 денари, а се истргуваа 83 акции. Со просечната цена од 3.920,00 денари се постигна пораст од 0,51%.
Тутунски комбинат АД Прилеп донесе одлука за усвојување на годишна сметка, финансиските извештаи и годишниот извештај за работа на друштвото за 2008 година, како и за друштвата Тутунски комбинат Цигари Дооел Прилеп и Тутунски комбинат Тутун Дооел Прилеп. Донесени се и одлуки за покривање на загубите на друштвото како и за поврзаните друштва.
Објавена е одлука за зголемување на основната главнина на Тутунски Комбинат АД Прилеп со издавање на втора емисија на хартии од вредност-обични акции по пат на приватна понуда. Непаричниот влог кој ќе биде внесен од познат купувач Влада на Р. Македонија изнесува 4.176.299.783,00 денари односно 68.278.794,60 евра. Со оваа емисија Тутунски Комбинат АД Прилеп во својство на издавач издава 1.335.395 обични акции. Номиналната вредност на една акција е 51,13 евра. Продажната цена на хартиите од вредност изнесува 51,13 евра.
Тутунски комбинат Прилеп донесе и одлука за измена на статутот.
Гранит АД Скопје известува дека неревидираниот неконсолидиран биланс на успех за период 01.01.09 – 30.06.2009 год. ќе биде објавен на 06.08.2009 год. на СЕИНЕТ во 13,30 часот.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Топлификација Скопје
2. Р.Македонија – Денационализација 05
3. Комерцијална Банка Скопје
4. Бетон Скопје
5. Алкалоид Скопје
Хартии од вредност со најголем пораст
1. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 7,84%
2. Р.Македонија – Денационализација 05 5,19%
3. РЖ Услуги Скопје 4,35%
4. Реплек Скопје 3,78%
5. Комерцијална Банка Скопје 3,77%
Хартии од вредност со најголем пад
1. Бентокварц Крива Паланка 92,95%
2. Винарска Визба Тиквеш Скопје 27,10%
3. ОХИС Скопје 3,91%
4. Бетон Скопје 1,09%
5. Р.Македонија – Девизни Влогови 0,91%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

