Контакт

Македонија

Владата набргу ќе предложи втор ребаланс

Објавено пред

Ресорниот министер за финансии Зоран Ставрески денеска информираше дека подготовките за ребаланс на буџетот се во полн ек и истиот ќе биде подготвен

Ресорниот министер за финансии Зоран Ставрески денеска информираше дека подготовките за ребаланс на буџетот се во полн ек и истиот ќе биде подготвен до крајот на месецот.

„Министерството за финансии деновиве остварува интензивни контакти со сите буџетски корисници, при што се разговара за степенот на реализација на расходите“, изјави Ставрески.

Тој не прецизира за колку ќе биде скратена расходната страна, но информираше дека ќе има извесно намалување на непродуктивните трошоци.

„Во следниот ребаланс ќе предложиме заштеди во сите категории, посебно во непродуктивните расходи, но тоа не значи дека некои расходи ќе бидат сведени на нула“, рече Ставрески./крај/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Камчева: Боки 13 бараше да повлекувам текстови поврзани со синот на Катица Јанева

Објавено пред

Сoпругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана, на денешното сведочење рече дека преку Зоран Милески Кичеец, Боки 13 барал да се повлекуваат текстови од портали поврзани со синот на ексшефицата на СЈО Катица Јанева.

„Милески ме викна во Александар Палас и ме тераше да кружиме околу хотелот. Ми рече дека Боки е многу вознемирен за текст на порталот ‘Сведок’ во кој пишувало дека синот на Катица Јанева е вработен во 1ТВ. Му реков дека не знам ништо за тоа, дека немам време да читам портали, но тој ми рече дека морам да најдам начин текстот да биде повлечен“, рече таа.

Камчева вели дека средбите со Бојан Јовановски најчесто биле во 1ТВ во неговата канцеларија, еднаш се сретнале во ресторанот Сушико и два пати во неговиот дом. Таа е децидна дека Јовановски сите упатства ги добивал од ексшефицата на СЈО.

„Бојан точно ги знаеше сите чекори, тој беше во постојана комуникација со специјалната јавна обвинителка и ја ставаше на спикерфон секогаш кога зборуваше“, рече Камчева додавајќи дека на првата средба Боки 13 не побарал пари од неа, туку се повикал на своето влијание.

Во текот на сведочењето на Камчева, судијката даде пауза од една минута, бидејќи Јовановски се пожали дека му се лоши и дека има нагони за повраќање, по што беше изнесен на кратко од судницата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Објавено пред

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева го почна сведочењето за случајот “Рекет”. Камчева рече дека на 9 ноември 2018 година пола час по полноќ нејзиниот сопруг, ја разбудил и ѝ рекол дека во шест часот наутро ќе се прави претрес кај нив дома, по информација од Зоран Милевски, кој бил близок со Бојан Јовановски и така се случило. Станува збор за предметот “Империја” кој го отвори СЈО.

“Во шест имаше претрес, во 10 претрес во фирмите на „Орка холдинг“, а попладнето Јордан беше изнесен пред судија на претходна постапка”, сведочеше Камчева. Таа рече дека првпат Катица Јанева ја запознала вечерта кога биле изнесени осомничените од “Империја” во судот. Камчева рече дека обвинителката Лиле Стефанова се однесувала недолично и на адвокатот Антонио Апостолски му рекла дека ништо не ѝ може, бидејќи моќта е кај неа.

Подоцна Зоран Милевски кој бил човек од доверба на Камчев, договорил средба во стан во скопски Капиштец со адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова. Таа рече дека Димишков знаел дека за нејзиниот сопруг ќе има кривичен прогон и дека треба да соработува со него, бидејќи, ќе помине полесно.

“Ми рече дека сестра му Весна Димишкова е во блиски односи со обвинителката Лиле Стефанова…”, кажа сопругата на Камчев. За слободата на Камчев, требало да исплатат 2, 4 или 6 милиони евра зависно од ситуацијата.

“Рече дека сумата е голема зашто предметот е специфичен и треба со таа сума да се пензионира сестра му. Бев вознемирена и плачев, но и изненадена што не ја знаеше крајната цена за “Рекет”, кажа Камчева. Му требало еден ден да размисли, а и таа да се консултира со сопругот.

“Му реков ние немаме предмет, имаме проблем…”, кажа сопругата на бизнисменот.

Според обвинението, од ноември 2018 година до април 2019 година обвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, го искористил пријателството со шефицата на СЈО, Катица Јанева, и ѝ влијаел да го ослободи од притвор осомничениот бизнисмен, Орце Камчев, во предметот „Империја“.

Ексшефицата на СЈО му ја олеснила положбата во истрагата на Камчев, па предложила да му се укине притворот и да му се определи поблага мерка, куќен притвор, при неизменети околности.

Јанева планирала да му даде својство на заштитен сведок и да ја запре истражната постапка или да склучи со него предлог-спогодба за вина за полесни кривични дела и Камчев да плати незначителен износ на штета и да му се врати пасошот.

Обвинетиот Зоран Милевски договарал средби меѓу Бојан Јовановски и брачната двојка Орце и Ана Камчеви, а за возврат за посредувањето примиле награда од 1,5 милион евра во разни апоени, и тоа од Ана Камчева половина милион евра, а од Орце Камчев 1 милион евра.

Јанева ова го прифатила и за себе прибавила значителна имотна корист, и тоа предмети, мебел во износ од приближно пет илјади евра, кој за неа го набавил Боки 13, и готовина 50.000 евра.

Јанева е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување, Бојан Јовановски за примање награда за противзаконско влијание и перење пари. Милевски призна вина и доби три години затвор.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ана Камчева ќе сведочи во „Рекет“

Објавено пред

Ана Камчева пристигна во Кривичниот суд каде ќе сведочи за случајот „Рекет“, откако во петокот сведочеше нејзиниот сопруг, бизнисменот Орце Камчев.

Пред судот денеска треба да се појави и сметководителката на Камчев, која им ги дала парите на Бојан Јовановски и на Зоран Милески Кичеец.

Камчев по сведочењето изјави дека Бојан Јовановски, Катица Јанева, но и обвинителката од СЈО Лиле Стефанова и братот на судијката Весна Димишкова, Васил, се дел од злосторничко здружение кое изнудува пари. Тој рече дека секоја реклама што одела на „1ТВ“ била од рекетирани пари и дека нема да дозволи „неговото лице, лицето на неговите деца и семејство да го гаѓаат накази како Бојан Јовановски и Катица Јанева“.

Тој најави дека ќе поднесе повеќе тужби, и за тоа дека бил жртва на рекет, но и граѓанска постапка против Јанева и Јовановски со која ќе си ги бара назад 1.5 милиони евра што им ги дал.

Во своето сведочење, пак, Камчев, пред судот рече дека во СЈО никогаш Јанева не му нудела спогодба туку Боки 13.

„Мене никој никогаш не ми понуди спогодување. Никој не ми нудел такво нешто, ниту заштитен сведок”, рече Камчев.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 овој месец, Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина за случајот и предметот за него беше одвоен од оној против Јовановски и Јанева.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева го почна сведочењето за случајот “Рекет”. Камчева рече дека на 9 ноември 2018...

Свет1 час

Ардерн: Има прашања кои мора да бидат одговорени, размерите на трагедијава се катастрофални

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн истакна дека има прашања кои мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на...

Свет1 час

Военото воздухопловство на Чиле потврди дека авионот се урнал, во тек е потрага

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал. Воздухопловството се огласи...

Свет1 час

Пукање во болница во Чешка, најмалку шестмина убиени

Шест луѓе се убиени во пукање во болница во Чешка, објави Би-би-си. Нападот се случил утрово околу 7 часот. Полицијата...

Свет3 часа

Заврши самитот на Нормандската четворка, сите се задоволни од состанокот

Во Елисејската палата во Париз синоќа заврши самитот на лидерите на Нормандската четворка, а францускиот претседател Емануeл Макрон оцени дека...

Македонија14 часа

(Видео) Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони ,,Хари Труман“ се сретнаа со адмирал Џејмс Фого

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Талат Џафери слетаа на носачот на...

Регион17 часа

Рама ги повика граѓаните да не ги оштетуваат намерно објектите

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска го достави првиот прелиминарен извештај за земјотресот што погоди делови од земјата на 26...

Топ18 часа

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Штип

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селото Облешево. Од...

Македонија19 часа

Кривични за вработени во Бирото за метрологија поради злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото...

Македонија19 часа

Мицкоски: Ако не се одржат предвремените избори ќе ги преиспитаме односите со Пендаровски

Одложувањето на предвремените парламентари избори кои беа договорени да се одржат на 12 април, според ВМРО-ДПМНЕ ќе ја втурнат државата...

Македонија22 часа

Приведен 49-годишен скопјанец кој на Фејсбук му се заканувал на Заев

Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против 49-годишен скопјанец, поради објавени сериозни закани по животот на Фејсбук, насочени...

Регион23 часа

Градоначалникот на Нови Сад поднесе кривична пријава против претседателот Вучиќ

Градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на владејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ поднесе кривична пријава, со цел, како што...

Спорт23 часа

Русија исфрлена од Олимписките игри и светското фудбалско првенство

Извршниот одбор на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) го прифатил предлогот на независниот комитет на Агенцијата, руските спортисти поради кршење на...

Свет24 часа

(Видео) Веб-камера снимила туристи во кратер на вулканот, секунди пред ерупцијата

Веб-камера открила најмалку десет туристи во кратерот на вулканот на Вајт ајленд на Нов Зеланд, во момент пред ерупцијата, пренесуваат...

Македонија1 ден

Пронајдени 27 килограми марихуана, приведени две лица од Албанија 

Полицијата пронашла 27 килограми марихуана во автомобил кај селото Кажани-на патот за битолското село Ѓавато. Уапсени се две лица, возачот...

Свет1 ден

Избрана новата премиерка на Финска, најмлада во светот

Владејачката социјалдемократска партија на Финска ја избра новата премиерка 34-годишната министерка и пратеничка Сана Марин. Таа ќе биде најмладата претседателка...

Свет1 ден

Тежок понеделник во Франција, продолжува штрајкот и сообраќајните проблеми

И денеска продолжува штрајкот во Франција, а со тоа и хаосот во сообраќајот. Вчера, во четвртиот ден од штрајкот на...

Свет1 ден

(Видео) Ерупција на вулкан на Нов Зеланд, има и жртви

Едно лице загина, а 20-на се повредени во ерупција на вулкан на новозеландскиот Бел остров (White Island), популарна туристичка дестинација...

Регион2 дена

Во Хрватска годишно се фрлаат повеќе од 300.000 тони храна

Повеќе од 300 илјади тони храна се фрла годишно во Хрватска, додека бројни здруженија и организации истовремено бараат да се...

Топ2 дена

(Видео) Страотна сообраќајка во Бутел – излетал oд патот, ја пробил оградата и се превртел на булеварот

Страотна сообраќајка се случи вечерва во скопската населба Бутел. Момче и девојка кои се наоѓале во возило со тетовски регистарски...

Досие