Македонија
МВР пронајде 100.000 во стан во Чаир изнесени од Перо Наков б.б
Полицијата утринава во стан во населбата Чаир пронајде неколку компјутери и околу стотина евра во различни валути, за кои се претпставува дека биле изнесувани од просториите на „Перо Наков“ бб, соопшти денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
„Се претпоставува дека истите биле изнесувани од просториите на „Перо Наков“ бб, во текот на денот додека инспекторите беа изолирани во одредени простории во објектот. Истите, според оперативните сознанија, биле изнесувани од возачи, но се уште се работи на прибирање на дополнителни докази по судската наредба која беше обезбедена синоќа. Сите овие сознанија во моментов се документираат и во тек се консултации со обвинителството, по што, се разбира, ќе следува соодветна пријава“ изјави Јанкулоска.
Полицијата има првични информации за идентитетот на лицето, но Јанклулоска вели дека во моментов не може да каже за кого се работи, бидејќи моментално траат консултациите со обвинителството околу поднесувањето на кривичната пријава.
Околу влечењето и гребењето од страна на полицајците, на што се жалеа новинари во А1 телевизија, Јанкулоска рече дека досега во МВР нема пристигнато пријава во врска со ова.
„Во текот на вечерта преку А1 добивме информација за наводно пречекорување на овластувањата на полициските службеници. До овој момент, јас можам да потврдам дека официјална пријава нема, меѓутоа доколку дојде таква пријава, отворени сме случајот да биде истражен професионално и непристрасно “ рече Јанкулоска.
Јанкулоска повтори дека вчерашното присуство на полицијата во објектот каде што се наоѓа телевизија А1 било поради контрола на финансиско работење на фирми кои немаат врска со А1 телевизија.
„Целта на контролата на УЈП и финансиската полиција беше да се обезбдат докази за евентулаен финансиски криминал и проневери во овие фирми кои беа предмет на контрола. Во овој момент јас не можам да потврдам или да демантирам дали тие на некаков, било каков начин, се поврзани со А1 телевизија“ рече Јанкулоска.
По настанатата ситуација во А1, Јанкулоска прашува дали медиумот и новинарите знаеле дека на наведената адреса фуункционираат повеќе фирми.
„Дали медиумот и новинарите знаеле дека зад дејноста со која се занимаваат овие фирми се работат работи кои беа утврдени , однсоно ќе бидат предмет на докажување и дали тоа било намерно прикривано од нив? Дали медиумот и новинарите знаеле за евентуалните малверзации во овие фирми или пак и тие биле измамени и изманипулирани од некого за да застанат во одбрана на нечии финнанскиски интереси, спортивно на новинарскиот етички кодекс“ прашува Јанкулоска.
Претставници на А1 телевизија синоќа ја информираа јавноста дека има полициски упад во телевизијата и дека нивни новинари биле спречени да влезат во телевизијата, да ја вршат редовната работа и дека биле влечени и гребени од полицијата. Полицијата утрово се повлече, откако УЈП и финансиската полиција ги обезбедија потребните патеријали. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат
Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе да се справат со обилните врнежи од снег кои ја зафатија државата, изјави денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој ги посети пунктовите на Македонија пат на планинските превои “Стража” и “Пресека”.
– Денеска сум на терен во увид на активностите на Македонија пат, можам да кажам дека состојбата е добра, сите патишта во државата се проодни. Би сакал да им се заблагодарам на овие прекрасни луѓе од Македонија пат, кои што даваат се’ од себе, за сите патишта да се проодни и чисти. Тука сме на увид на планинскиот превој “Стража”, претходно бев во увид на патниот превој “Пресека”, и ќе продолжам на уште неколку места, рече Николоски.
Тој упати благодарност до работниците на Македонија пат и упати апел до сите граѓани кои имаат потреба да патуваат, да возат внимателно, да ја прилагодат брзината според условите на патиштата и без исклучок да поседуваат зимска опрема.
– Би сакал да се заблагодарам на сите работници, на сите оние кои што помагаат, да ги замолам сите кои што патуваат, да ги почитуваат прописите и правилата, да користат зимски гуми, секаде каде што е потребно ланци и сета дополнителна опрема и да ја прилагодат брзината. Ние ќе направиме патиштата секаде да се проодни и да не се почувствува или минимално да се почувствува ова невреме кое што ја зафаќа Македонија, апелираше вицепремиерот Николоски.
Македонија
УХМР: Најголема опасност од излевања и заезерувања има во југозападните и западните делови на земјата
Од утринава зголемување на водостоите има во југозападниот дел на земјата, односно на река Коселска, река Сатеска, река Ресенска и на останатите помали реки и суводолици во регионот каде се можни локални излевања на реките и појави на заезерување на водата. Во Охридско-Преспанскиот регион се очекува реакција на помалите реки и суводолиците, а исто така и во Струшкиот регион каде се можни локални излевања и појави на заезерување во Струшкото Поле заради интеракција на подземните и површинските води, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
„Исто така, утринава е висок водостојот на река Вардар во горниот дел од сливот и можни се локални излевања на реката во тој дел (во Гостиварскиот регион), а можни се појави на заезерување на водата во Полошката Котлина.
Значително е висок водостојот на река Црна во долниот дел од течението и можни се локални излевања на реката и појави на заезерување на водата во Пелагониската Котлина, а исто така и во делови од Битолско-Прилепскиот регион. Во горниот дел од сливот нема позначително зголемување на водостојот но можни се заезерувања во Демир Хисарскиот регион.
Останува висок водостојот на река Треска и таму се можни локални излевања и заезерувања во целиот слив на реката, вклучително и Кичевскиот регион.
Генерално, најголема опасност од излевања и заезерувања има во југозападните делови и западните делови на земјата каде и во текот на денот некаде до 18:00 часот врнежите ќе бидат од дожд и снег и на повисоките места, додека на пониските ќе бидат само од дожд. Во попладневните часови, некаде после 18:00 часот се очекува продор на северен ветер и северно струење на воздухот што ќе придонесе за заладување на времето и врнежите насекаде ќе преминуваат во вид на снег. До тој временски преод останува опасноста од локални излевања и заезерувања на водата пред се во југозападните, западните и северозападните делови на земјата.
Предупредуваме на вниателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден“, се наведува во соопштението на УХМР.
Македонија
Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини
Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните избори за градоначалници на општините Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, информира Државната изборна комисија.
„Вкупно 249 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас на овие избори. Од нив, 146 лица се пријавени за гласање во Гостивар, 32 болни или немоќни лица имаат право да гласаат во Врапчиште, 69 лица може да гласаат за градоначалник на општина Маврово и Ростуше и 2 лица може да гласаат за градоначалник на општина Центар Жупа. Со почеток во 7:00 часот во 7 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 94 лица кои се на издржување казна затвор или притвор“, велат од ДИК.
Оттаму додаваат дека гласањeто досега се одвива непречено и без проблеми.

