Македонија
Вкупно 640 новороденчиња добиле еднократна помош од општина Аеродром
Вкупно 640 новореденчиња, чии родители живеат на територијата на Општина Аеродром, се стекнаа со еднократна парична помош од 5.000 денари во текот на 2010 година.Од нив 328 биле машки, а 312 женски, при што најчесто име кое лани им се давало на момчињата во Аеродром било Анреј, а на девојчињата Јана.Според статистичките показатели, дури 95 отсто од новороденчињата, или 606 се од македонска националност, 11 од албанска, по шест бебиња има од ромска и српска националност, а од влашка, турска и хрватска има по три новороденчиња, додека две се од бошњачка националност. Од вкупниот број новороденчиња 345 се првородени, 244 се второ дете во семејството, за 38 семејства ова им било трето дете, седум се четвртородени, додека шест новороденчиња се петто дете во семејството.Општина Аеродром и годинава продолжува со акцијата за доделување еднократна помош на секое семејство со новороденче во висина од 5.000 денари. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

