Контакт

Скопје

Жерновски: Ако новиот обвинител си ја врши работата, Груевски ќе мора веднаш да си даде оставка

Објавено пред

Ако новиот специјален обвините, кој треба да ги провери наводно прислушуваните снимки од телефонски разговори на функицонери, ја врши работата и ако почне процесот, тогаш премиерот Никола Груевски ќе мора веднаш да си даде оставка, смета градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.
 

dobivaj vesti na viber

Ако новиот специјален обвините, кој треба да ги провери наводно прислушуваните снимки од телефонски разговори на функицонери, ја врши работата и ако почне процесот, тогаш премиерот Никола Груевски ќе мора веднаш да си даде оставка, смета градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

 

Одоговарајќи на новинарско прашање, за неговите очекувања од новиот специјален обвинител и од потпишаниот договор во Пржино за надминување на политичката криза, градоначалникот Жерновски, рече дека во дипломатијата има два вида договори и компромис. Прво, кога двете страни се задоволни и второ, кога двете страни се незадоволни.„И двете страни имаат зошто да бидат незадоволни, но максимално стојам на располагање да помогнам во се’ што е потребно. Немам илузии дека новиот специјален обвинител ќе има одврзани раце, но ќе се покаже дали може се’ да се расчисти. Ако ја врши работата и ако почне процесот, тогаш Груевски ќе мора веднаш да си даде оставка. Ова ќе биде и порака до сите идни влади и премиери, дека сите незаконски дејства ќе бидат “чешлани“ и санкционирани“, рече Жерновски.За констатираните неправилности во објектот на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ од страна на инспекцијата на општина Центар, Жерноски во вторник ќе испрати писмо до Град Скопје и државниот градежен инспектор со кое ги повикува, заедно со надлежните од општина Центар да излезат на терен и да ја констатираат состојбата.„Заедно треба да се увериме дали се работи за дивоградба. Чув дека обидот на инспекцијата да влезе во седиштето, кое не ни беше дозволено, бил политички потег. Затоа, ги повикувам надлежните од Град Скопје и државен градежен инспектор, да ја констатираме фактичката состојба на објектот. Доколку не ни одговорат, ќе постапиме како со секоја дивоградба, без разлика за која политичка партија се работи, дали на власт или опозиција. Нивното објаснување дека издадениот дел на влезната врата е урбана опрема е смешно, исто како што е смешно тврдењето дека галиите во Вардар се исто, урбана опрема. Ние нема да влегуваме како полиција, но ќе санкционираме се’ што е дивоградба. Чув дека ВМРО – ДПМНЕ изјавуваат дека објектот не е пуштен во употреба. Вчера партискиот врв во истиот објект имаше состанок. Не се работи за реваншизам, ако е дивоградба, ќе ја отстраниме. Се прашувам дали полицијата во овој случај ќе не’ заштити од луѓето кои евентуално би се собрале овде“, рече Жерновски.Тој, на денешната средба со новинари најави работно лето  во Центар, при што рече дека ќе се градат детско игралиште кај „Агромеханика“ со површина од 250м2, пјацета и детско игралиште на ул. „Јоаким Крчовски“, во тек е обнова на зеленилото на бул. „Кочо Рацин“, изградба на ЈДУ „Кочо Рацин“ – матичен објект која е планирано да заврши во септември. Ќе се отвори и канцеларија за млади, која ќе биде и за сите млади, но и за невладините организации од цело Скопје./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟢𝟦 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

Објавено пред

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 08.12. до 14.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.

dobivaj vesti na viber

„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Левицата: Лицата со аутизам и Даунов синдром ќе добијат бесплатен паркинг во Скопје

Објавено пред

Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе амандмани за измена на Програмата за повластен паркинг за лицата со попреченост.

dobivaj vesti na viber

Оваа Програма опфаќа одредени категории на лица со попреченост, но лицата со аутистичен спектар и Даунов синдром не беа опфатени, велат од партијата Левица.

„Четири години од оваа говорница се бориме за измена на оваа Програма.Секогаш се наоѓаше некаков изговор да не се направи тоа.На лицата со попреченост им е доста од изговори.Родителите на деца со аутизам и Даунов синдром и онака имаат големи финансиски издатоци за лекување на нивните деца кои Фондот за здравство не ги рефундира, плаќаат приватно дефектолози и сл.така да плаќањето на паркинг простор им е дополнителен товар, бидејќи некои од нив оваа услуга ја користат секојдневно” – истакна во своето излагање Катерина Јовановска- координаторот на советничката група на Левица.

„Иако првично од страна на Градот амандманите не беа прифатени, по аргументираното излагање на Јовановска Советот едногласно изгласа Заклучок – Програмата да биде изменета и лицата со аутистичен спектар и Даунов синдром да добијат повластен паркинг.

Истово ќе важи и за лицата со попреченост кои што не живеат во Скопје, а доаѓаат во главниот град за лекување“, се додава во соопштението на партијата Левица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет8 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет10 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет11 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија13 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија15 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија16 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет17 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет19 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа20 часа

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија20 часа

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет21 час

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет21 час

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет21 час

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија2 дена

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија2 дена

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија2 дена

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ2 дена

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија2 дена

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...