Црна хроника
Тетовец прободен со нож и удиран со бејзбол палка

Тетовец во четвртокот бил нападнат, испрскан со спреј, прободен со нож и удиран со беjзбол палка.
Инцидентот се случил во четвртокот околу 11.20 часот во Тетово на улицата „Маршал Тито“. Четириесет и деветгодишниот жител на тетовското село Слатино започнал расправија со двајца браќа од Тетово и уште едно непознато лице.
Едниот браќата му прснал спреј за онеспособување во пределот на лицето, другиот брат го прободел со нож во пределот на левата страна од телото, а непознатото лице со беjзбол палка го удрил во пределот на главата.
Повредениот бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово од каде што поради сериозноста на повредите бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. СВР Тетово презема мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
1624 семки канабис одземени од велешанец при претрес на неговиот дом, полицијата го уапси

Полицајци од одделот за недозволена трговија со дрога го уапси 41-годишниот (Т.Б.) од Велес. По издадена судска наредба тие при претрес во неговиот дом пронајдоа и му одзедоа кафена прашкаста материја, 1624 семки канабис и остатоци од зелена растителна материја, извести полицијста
(Т.Б.) е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Полицијата уапси 15-годишник во Скопје, насила одзел пари на 44- годишен маж

Вчеравечер полицијата уапси 15-годишен малолетник од Скопје по претходна пријава дека во скопски Центар насила одзел пари од 44-годишен маж.
Оштетениот пријавил во полиција која, пак, за кусо време го пронашла и го уапсила малолетникот. Од МВР најавија соодветна пријава по целосно документирање на случајот.
Црна хроника
Му стигнало писмо од извршител за два кредита кои не ги зел, 23-годишен скопјанец пријавил измама

23-годишен скопјанец во четвртокот во скопската полиција пријавил злоупотреба на личните податоци. Според пријавата, непознато лице во 2021 година на име на пријавителот зело два кредита од финансиско друштво. Дознал за измамата минатата недела кога му стигнало писмо од извршител за неплатен долг во износ од 80.758 денари.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.