Македонија
Црвенковски: Посетата на градоначалникот на Охрид на Австралија е грешка

Недозволива грешка е посетата на градоначалникот на Охрид Александар Петрески на Австралија.
Недозволива грешка е посетата на градоначалникот на Охрид Александар Петрески на Австралија.
Ова денеска по лидерската срдба го изјави претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Според Црвенковски, СДСМ итно побарала од Петрески да ја прекине посетата и да се врати во Охрид.
Запрашан дали ќе побара оставка од градоначалникот на Охрид, лидерот на СДСМ, рече дека, за тоа, засега нема потреба.
„Ако Владата цело време уверува дека состојбата со Охридското езеро е нормална, можно е и охридскиот градоначалник тоа и да го помислил“, рече Црвенковски. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лабудовиќ: Во секое училиште и градинка ќе обезбедиме здрав, топол и квалитетен оброк за секое дете

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, најави една од, како што рече, најважните мерки во својата програма – воведување на здрав, топол и нутритивно избалансиран оброк за секое дете во сите градинки и училишта во Центар.
„Имаме јасна цел – секој оброк што ќе го добијат децата да биде свеж, квалитетен и приготвен со љубов и внимание. Менито ќе го подготвуваат професионални нутриционисти, кои ќе внимаваат да има баланс меѓу хранливите вредности и вкусот што децата го сакаат,“ изјави Лабудовиќ.
Целта на оваа мерка е здравата исхрана да биде темел на растот и развојот на децата. „Здравата храна не е луксуз, туку право на секое дете. Затоа оваа мерка не е само оброк – тоа е инвестиција во здравјето и иднината на најмладите,“ потенцираше Лабудовиќ.
Оброците ќе бидат подготвени од домашни и внимателно избрани намирници, со проверен квалитет. „Оброкот ќе биде навистина топол – подготвен со грижа, внимание и љубов. Сакам родителите да бидат спокојни дека нивните деца секој ден во училиштето и градинката го добиваат најдоброто,“ додаде тој.
Освен здравствената компонента, мерката има и економска и општествена димензија. Со неа ќе се поддржат локалните производители и ќе се подигне свеста за важноста на правилната исхрана уште од најмала возраст.
„Центар мора да биде пример – општина што се грижи и што покажува дека секое дете е подеднакво важно. Здравото дете е среќно дете, а среќното дете е иднината на Центар. Верувам дека токму со вакви мерки ја градиме основата за подобро утре – за општина во која нејзините најмлади жители ќе растат здрави и радосни,“ порача на крајот Мирослав Лабудовиќ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Не е етничко, туку морално и кривично прашање , ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита, велат од ВМРО-ДПМНЕ за скандалот со Фатмир Дехари.
Според оваа партија, ДУИ се обидува скандалот со Фатмир Дехари да го претвори во етничка приказна.
„Тоа е евтин маневар. Ова не е Албанци против Македонци. Ова е злоупотребувач против жртви. Ова е прашање на достоинство, закон и одговорност, независно од етничката и верската припадност.
Јавноста слушна содржини кои будат сериозен сомнеж за сексуално вознемирување и притисоци во Општина Кичево. Наместо закрила на жртвите и отворање пат за истрага, ДУИ зборува за „подземје“ и „фабрикувани факти“. Тоа е класичен рецепт за одвлекување внимание од суштината и за заплашување на сведоци.
Нашите ставови се јасни:
1. Итна суспензија на Фатмир Дехари од сите јавни функции до завршување на постапките.
2. Независна форензичка проверка на аудио материјалите од вештаци што немаат допир со политиката. Се што е автентично – во обвинителство.
3. Заштита на пријавувачите и потенцијалните жртви согласно законот; отворање дискретни канали за пријава.
4. Внатрешна ревизија во Општина Кичево за работната средина и можни злоупотреби на службена положба.
5. Јавна осуда на секој обид за етничка манипулација. Достоинството на жените не е партиски штит“.
Кичево, според ВМРО-ДПМНЕ, не заслужува тишина и релативизација. Граѓаните, како што велат, се зрели и точно знаат дека клевета се крие зад оние што се плашат од вистината.
„Ќе инсистираме институциите да постапат професионално и непристрасно.
Во оваа држава правдата не смее да зависи од партиска книшка, етничка припадност или функција“.
Македонија
Сиљановска-Давкова по повод Меѓународниот ден на белиот стап: Вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод Меѓународниот ден на белиот стап, се обрати на настан организиран од Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ – Скопје, посветен на подигањето на јавната свест за правата, можностите и придонесот на лицата со оштетен вид.
Сиљановска-Давкова истакна дека денешниот ден не е само симболично одбележување, туку е и потсетник дека вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцата. За неа, тоа е повик до сите нас да ги отвориме очите и душата и да го видиме светот низ призмата на разбирање, почит и емпатија.
Таа укажа дека не треба да заборавиме дека белиот стап е симбол на достоинствен живот, но и на општествената обврска да создадеме градови и институции коишто ќе бидат пристапни, безбедни и пред сѐ, човечни.
Претседателката потсети дека во Советот за млади именувала лице со оштетен вид, што, според неа, испраќа порака дека секој млад човек, независно од животните околности, има право не само да биде слушнат, туку и активно да учествува во обликувањето на политиката и општеството во кое живее.
На настанот беа изведени музички и едукативни точки од ученици на ДСУРЦ „Димитар Влахов“- Скопје, одржана панел-дискусија посветена на значењето на белиот стап, презентирани лични искуства за ориентација и мобилност на сегашни и поранешни ученици и техники за користење на белиот стап.
Училиштето „Димитар Влахов“, како единствена институција од ваков вид во државата, повеќе од седум децении нуди едукација, рехабилитација и поддршка на ученици со оштетен вид.