Македонија
Груевски:Македонија нема море, но има високообразовани кадри
Секоја земја има свој двигател на општествениот напредок, како наоѓалишта со нафта и морски туризам, но Македонија со знаење ќе се натпреварува со големите земји во Европа и светот.
На овој начин премиерот Никола Груевски се обрати на конференцијата „Инвестициите во образованието се инвестиции во иднината на државата,“ на која присуствуваа членовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и подмладокот на Европската народна партија.
„Секоја земја има свои двигатели на општествениот напредок, некаде тој е морскиот туризам, некаде наоѓалишта на нафта, извори на природен гас, но во сите земји без исклучок основен и фундаментален двигател е образованието. Токму затоа Македонија како земја која нема пристап на море, ниту наоѓалишта на нафта, е силно посветена да напредува врз база на инвестициите во образованието“, рече Груевски.
Тој вели дека инвестициите во образованието треба да се надградуваат и стимулираат за да придонесат за високо образовни кадри и квалификувана работна сила.
„Ние го гледаме знаењето како јавно добро и како единствен инструмент за натпревар со големите земји во Европа и во светот“, изјави премиерот.
Податоците од пописот реализиран пред десет години покажуваат дека половина од севкупното население е со основно образование, но Груевски вели дека образованието е во голем подем со проектите за задолжително основно и средно образование. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Намалувавме цени на 500 производи, Мицкоски замрзна маржа на 73, дебакл на Владата
„Мерките на владата на Мицкоски освен што се задоцнети, тие нема да имаат ефект врз цените и стандардот на граѓаните. За жал, по најавената мерка на Владата дека се замрзнуваат маржите на само 73 производи, граѓаните не треба да очекуваат некаков ефект“, велат од СДСМ.
„Оваа мерка е калкулантска политика на Владата колку да замачкаат очи дека нешто направиле под притисок на јавноста. Сега е повеќе од јасно зошто со недели Мицкоски чекаше со намалување на цените на производите. Целта била да се најде решение колку да го има и тоа е во интерес на трговците, а не во интерес на граѓаните ниту нешто посебно ќе им помогне“, посочуваат од партијата и потсетуваат дека Владата на СДСМ минатиот септември 2023 година донесе мерки за намалување на над 500 производи во 25 различни категории и реализираше антикризен пакет за помош на граѓаните вреден 662 милиони евра.
„Во соседна Србија поевтинија 700 производи, слично е во Црна Гора. Ова што го донесе како мерка Владата на Мицкоски граѓаните нема ни да го осетат и тоа е доказ дека тој нема никаков интерес да се грижи за стандардот на граѓаните. За прв пат денес стигна и информацијата дека просечната плата за јули бележи пад од речиси 1000 денари по пет години постојан раст. Се намалуваат платите, цените остануваат високи. Граѓаните заслужуваат фер третман и вистинска грижа“, завршуваат од СДСМ.
Македонија
Укината забраната за движење во шуми
По извршената процена за намален ризик за појава на шумски пожари на површините под шума и шумско земјиште од страна на ЈП „Национални шуми“ – Скопје и на нивно барање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе согласност за отповикување на целосната забрана за движење во шума и на шумско земјиште.
Македонија
Мицкоски: Работиме штипската болница да биде изградена во најбрз рок
„Јас мандатот го почнав пред неполни три месеци токму од пред штипската Клиничка болница и тогаш реков во овој мандат таа ќе биде завршена. Работиме на модел. Медицинско-техничко-економски модел којшто е во фаза на, би рекол, развој и очекувам дека до крајот на оваа година сето тоа ќе биде завршено и веќе од почетокот на следната ќе почнеме со градење на Болницата“, одговори претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешното новинарско прашање при посетата на Штип, во однос на изградбата на Клиничката болница и додаде:
„Проблемот е што пари нема. Парите ги украле или ги потрошиле за нешто што не требало. Требало за Болницата, но парите ги украле. За жал наследивме состојба таква каква што е, но тоа е што е, тука е, нѐ гласале граѓаните, да немаме оправдување, туку да работиме, да ја направиме работата подобра. Што е нашиот пристап? Нашиот пристап е да обезбедиме и финансирање, и допроектирање и опремување и изградба и пренос на објектот. Тоа во моментов Законот за јавни набавки не го дозволува. Ако е потребно ќе влеземе и чекор напред, ако треба мали нивелирања на Законот, само за да можеме да ги одглавиме многу проекти за коишто се почнати, парите се украдени и тие се сега споменици на едно време. Тоа правиме, иновираме, се трудиме да најдеме начин за сето ова го задвижиме и ќе успееме. Ќе успееме, јас сум оптимиста дека ќе успеаме“, дополни тој.