Македонија
Иванов: Се’ уште постои сомнеж за смртта на Трајковски

Сомнежи и различни верзии за тоа што се случи пред седум години во Ротимље, местото каде што падна владиниот „кингер“, несреќа во која животот го загубија претседателот Борис Трајковски, неговите соработници и двајцата пилоти
На местото на несреќата на авионот со кој патуваше претседателот Борис Трајковски, повторно беа екипи на босанските телевизии. Снимател од државната босанска телевизија кој требало да ја снима Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина, стигнал половина час откако се случила несреќата. Седум години по несреќата тој тврди дека кога стигнал претставници на КФОР не му дозволиле да дојде до местото на несреќата. Хеликоптери надлетувале местото на несреќата, кај селото Столац. Мештаните, од селото Ротимље, пак, велат дека времето било многу лошо, тие до следниот ден до 14 часот не знаеле воопшто што се случило.Претседателот Ѓорге Иванов, кој во саботата го посети местото на несреќата вели дека истрагата во Македонија се уште не е завршена и потврди дека се уште постои сомнеж за тоа што се случило.„Не, истрагата не е завршена. Има комисија, комисијата ги собира сите можни документи , соработува со сите фактори. Веројатно и комисијата треба да разговара со надлежните во Босна и Херцеговина, бидејќи колку што сум во тек се уште не се завршени тие увиди во сите можни документи и материјали“, изјави Иванов.На прашање на новинарите од Босна дали се уште постои сомнеж, што се има случено тука, во близина на Мостар. Иванов одговори „Веројатно – да“.Постои надлежна комисија формирана од владата со вклучени претставници на релевантните институции, која работи на прибирање на факти, информации и докази, поврзани со авнионската несреќа.Неколку дена пред одбележувањето на седумгодишнината од несреќата на Трајковски, неговиот брат – близнак, Александар Трајковски изјави дека неговиот брат е убиен. „Врз мојот брат беше извршен атентат. Тој е убиен и неговото загинување не беше случајност. Некому му пречеше неговата работа, неговата искреност и успесите и најдобро беше физички да го отстрани. Тоа е трагедија за семејството и за државата, меѓутоа за мене тоа е атентат и не е случајност, убиство на претседателот“ изјави Трајковски.Сомнежите дека загинувањето на Трајковски не е несреќен случај, туку убиство ги поттикна швајцарскиот пратеник во европскиот парламент Андреас Грос.Тој беше и иницијаторот за формирање на анкетната комисија која ги истражува околностите под кои загина претседателот Трајковски.Владиниот „кингер” со којшто патуваше претседателот Трајковски, кој требаше да стигне на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина на 26 февруари 2004 г. се урна во близина на Мостар. Беше предвидено авионот да слета на мостарскиот аеродром во осум часот по локално време. Остатоците беа пронајдени 24 часа по паѓањето на авионот.Во несреќата покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан – Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето, и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.На седумгодишнината од смртта на Борис Трајковски, сегашниот претседател, Ѓорге Иванов го посети местото на несреќата, за да му оддаде почит на својот покоен колега. На местото каде се урна владиниот авион немаше преставници на семејствата на загинатите. На Ротимље, освен Иванов се обрати и на Мостар, Љубо Бешалиќ, Претседателот на Владата на херцеговачко-неретванската жупанија, Среќко Борис, каде ќе положат и венец.И двајцата претставници од босанските власти претседателот Трајковски го паметат како политичар кој се залагал за градење на добри односи со Босна и Херцеговина, како и во целиот регион
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“

Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“ по дождливо време и според вообичаената маршрута, но без давање официјална изјава од нив, што досега беше начин на комуникацијата на родителите на починатите со јавноста.
Преку испишаните пораки на транспарентите, тие и денеска за трагедијата во „Пулс“ ги обвинија институциите, од кои бараат правда и праведно судење. Десетина минути беше блокиран сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, кај двојниот мост на Кочанска Река.
Маршот за нивните ангели родителите го почнаа од „Паркот на Револуцијата“, од каде се упатија кон Трговскиот центар. Марширањето продолжи кон Основниот суд со кратки запирања пред зградата на УЈП и Полициската станица.
27. „Марш за ангелите“ во Кочани денеска заврши каде и што почна – во „Паркот на Револуцијата“.
Македонија
Починато лице на списокот за гласање, ДИК отфрли седум и прифати три приговори за лично избирачко правo

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница отфрли седум приговори поднесени од граѓани за лично избирачко правo, а прифати три. Отфрлени како неосновани беа приговорите на Радица Радеска од Битола, Зилќафете Мемеди од Желино, Иџел Камбери од Желино, Гордана Радеска од Битола, Јетон Далипи од Струга, Весна Трајкова од Кичево и Оливер Трајановски од Куманово. Прифатени, пак, беа приговорите на Божидар Алтипармаков од Битола, Адис Таири од Гостивар и Едина Таири од Гостивар. Тројцата утре ќе може непречено да го остварат своето право на глас, но се должни со себе на гласачкото место да го донесат и покажат решението што ќе го добијат од ДИК како правен основ да бидат запишани во дополнителнот образец на Избирачкиот список.
На седницата беше усвоена и Одлуката за поништување на потврдена листа за членови на Совет на Град Скопје поднесена од Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ). Образложението е дека ДИК на 17 октомври, по допрен глас, дошла до информација дека на оваа листа има починато лице. ДИК предложи за овој случај понатаму да постапува Јавното обвинителство.
-ДИК согласно Деловникот и Изборниот законик констатира дека се поништува потврдената листа од Изборната комисија на Град Скопје за членови на Совет поднесена од ДНЕТ. ДИК одлучи дадените гласови за поништената листа членовите на избирачките одбори да ги евидентираат како неважечки гласачки ливчиња во записникот за гласање. Исто така, членовите на општинските изборни комисии кои спроведуваат гласање за Град Скопје, како и Изборната комисија на Град Скопје нема да ги сметаат како добиени гласови во соодветните записници за сумирање и утврдување на резултаите од гласањето, објасни претседателот на ДИК, Борис Кондарко.
Членот на ДИК, Александар Даштевски рече дека ваков случај, на предложено починато лице, имало и лани. Листата била отфрлена.
-Беше покрената и кривична постапка што е предвидено за вакви случаи, истакна Даштевски.
На седницата ДИК информира дека досега за следење на утрешните локални избори се пријавени 1 463 набљудувачи од кои 807 домашни и 644 мешународни, како и 12 странски новинари. ДИК воедно денеска им одобри акредитации за следење на изборниот процес и на уште двајца новинари од Радио-телевизија Косово.
Беше прифатена и Одлуката за доделување дополнителни средства на општинските изборни комисии за локалните избори.
Попладневната 147. седница на ДИК, како што напомена Кондарко, останува отворена за евентуално пристигнување на други приговори.
-Јавноста ќе биде известена за продолжение на седницата. Сега само ја прекинуваме, а ќе ја продожиме денеска ако има потреба, ако не, утре ќе констатираме дека ја затвораме, објасни Кондарко.
Македонија
Скандал во студентскиот дом „Гоце Делчев“, студент снимал девојки додека се туширале

Студент бил фатен како тајно снима студентка во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.
„На 16 октомври 2025 во 20 часот и 10 минути во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Прилеп, со престој во студентски дом на подрачјето на Карпош, пријавила дека истиот ден околу 17 часот, додека се туширала забележала телефон над параваните.
Според пријавата, А.М. (22) од Богданци ѝ кажал дека тој ги направил фотографиите. Лицето е приведено во полициска станица, а одземени му се лаптоп и компјутер.
„СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.