Свет
Важен баскиски сепаратист уапсен во Франција
Водач на баскиската сепаратистичка организација ЕТА е уапсен во Франција, во нормандиското село Кахан, соопшти шпанскиот министер за внатрешни работи.
Водач на баскиската сепаратистичка организација ЕТА е уапсен во Франција, во нормандиското село Кахан, соопшти шпанскиот министер за внатрешни работи. Ибон Гогеаскотеа е уапсен заедно со двајца припадници на сепаратистичката група во заедничка акција на француските и шпанските власти. Тројцата уапсени предизвикале сомнеж откако изнајмиле куќа со лажни документи и користеле возила со лажни регистарски таблички. Гогеаскотеа се смета за еден од најважните членови на сепаратистичката ЕТА, одговорна за над 900 убиства од нејзиното формирање. /крај/афп/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Гренланд не е на продажба: порака од премиерот до Трамп
Гренланд не е на продажба, изјави денеска премиерот Муте Егеде, реагирајќи на најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека САД ќе ја преземат „сопственоста и контролата“ на овој арктички остров.
„Гренланд е наш. Ние не сме на продажба и никогаш нема да бидеме на продажба. Не смееме да ја изгубиме нашата долга борба за слобода“, рече Егеде, пренесе Ројтерс.
Во неделата Трамп објави дека го избрал Кен Хаури, поранешниот американски амбасадор во Шведска, за нов американски амбасадор во Данска. Трамп на својата платформа Tryth Social напиша дека е апсолутно неопходно САД да ја преземат сопственоста и контролата врз Гренланд за, како што наведе, националната безбедност и слободата ширум светот.
Американскиот конгресмен од Грузија, Мајк Колинс, сојузник на Трамп, во ноември предложи, САД повторно да се обидат да го купат Гренланд, кој и припаѓа на Данска, пренесува Танјуг.
Во 2019 година, Трамп изрази интерес за купување на Гренланд, нарекувајќи го „голем договор за недвижнини“.
„Волстрит журнал“ тогаш објави дека Трамп всушност ги сака богатите природни ресурси на данскиот остров, но данскиот премиер Мете Фредериксен ја нарече идејата „апсурдна“, посочувајќи дека Гренланд „не е на продажба“ содржи огромни наоѓалишта на ретки елементи кои се користат во производството на електрични возила и турбини на ветер. Островот е автономен од 1979 година, а Данска ја задржува контролата над надворешните работи, одбраната и монетарната политика. Од 2010 година, автономијата на Гренланд се прошири на подземните ресурси, вклучувајќи ги и активностите за истражување и експлоатација на минерали.
САД се обидоа да го купат Гренланд од Данска неколку пати, вклучително и во 1867 година, кога државниот секретар Вилијам Х. Севард преговараше за купување на Алјаска од Русија. Вториот обид да се купи се случил во 1910 година, а во 1946 година американската влада и понудила на Данска понуда од 100 милиони долари, која ја одбила.
Свет
Авион во Шкотска се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот
Мал авион се урнал само неколку моменти по полетувањето од аеродром во Шкотска.
Инцидентот се случил на аеродромот Фајф денеска нешто пред 12 часот. Како што пишува британски Метро, авионот кој штотуку полетал паднал во ливада во близина на аеродромот.
BREAKING: UK airport plane crash horror as police scrambled to downed aircraft https://t.co/OeksyoW0tg pic.twitter.com/EZD2M1s4Na
— The Mirror (@DailyMirror) December 23, 2024
На местото на падот на авионот пристигнала полицијата и го обезбедила целиот простор, како и екипи за итна помош. Во моментов не се знае колку патници имало во авионот, како и дали има повредени или жртви.
#BreakingNews :-Plane crashes into hill just moments after taking off from #UK airport #PlaneCrash #Fife#Scotlandhttps://t.co/T0U7bRvIQ4
— EBCNEWS (@ebcnewss) December 23, 2024
„Службите за итни случаи се на аеродромот Фајф откако лесен авион се урна во 11.40 часот во понеделник на 23 декември 2024 година. Истрагата е во тек“, соопшти шкотската полиција.
Шкотската противпожарна служба испрати добро опремена спасувачка единица на местото на несреќата.
Екипите остануваат на лице место откако дополнителните служби пристигнале со хеликоптер.
Регион
Поради снег десетици илјади корисници без струја во Босна и Херцеговина, екипите на терен од рано наутро
Обилните снежни врнежи кои денеска ја зафатија Босна и Херцеговина предизвикаа големи проблеми во електродистрибутивната мрежа, па десетици илјади корисници се без струја, потврдија дистрибутивните компании во Босна и Херцеговина.
Електропривреда БиХ, чие седиште е во Сараево, објасни дека во текот на утрото дури 180.000 нивни корисници останале без струја, главно во областа на округот Унско-сана, каде што наставата во сите училишта морала да биде откажана.
Иако сите расположливи екипи беа на терен од утринските часови, до 12 часот успеаја да обноват само две третини од оштетената дистрибутивна мрежа.
Најпогодени корисници беа во Бихаќ, Босанска Крупа, Чазин, Сански Мост и Велика Кладуша.
Слична беше ситуацијата и во округот Тузла, каде што поширокото подрачје Челиќ, Градачац и Грачаница остана без струја.