Спорт
Втор ден на ЕП во пливање

Во Будимпешта продолжува 30-то Европско првенство во пливање. Унгарецот, Ласло Чех, пред домашната публика, се надева на освојување на златен медал, откако имаше најдобро време во квалификациите на трката на 200 метри мешано.
Во Будимпешта продолжува 30-то Европско првенство во пливање. Унгарецот, Ласло Чех, пред домашната публика, се надева на освојување на златен медал, откако имаше најдобро време во квалификациите на трката на 200 метри мешано. Чех за 1,07 секунди беше побрз од Маркус Роган од Австрија. Финалето на 200 метри мешано на програмата е утре. Чех е актуелен европски првак и носител на сребрен медал од последното светско првенство во оваа дисциплина. Светскиот рекордер на 200 и 400 метри слободно, Пол Бидерман, имаше само петти резултат во квалификациите на 200 метри слободно, најбрзо време постигна Данил Изотов од Русија. Италијанецот, Самуел Пизети, имаше најдобро остварување во квалификациите на трката на 1.500 метри, зад него беа Пал Јонсен од Фарските острови и Себастијан Руал од Франција. Во женска конкуренција, на 100 метри градно, најбрза беше Рике Молер-Педерсен од Данска, пред Јулија Ефтимова од Русија и Јолин Хостман од Шведска. Во квалификациите на 100 метри слободно најбрза беше Алeксандра Херасимениа од Белорусија, пред Фемке Херсмек од Холандија и Фрначеска Халсал од Велика Британија.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мбапе гласа за Дембеле: Јас лично би му ја врачи Златната топка

Најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, Златаната топка, ќе биде доделена на 22 септември, во Париз.
За истата има неколку кандидати, а меѓу нив најмногу се издвојуваат Усман Дембеле и Ламин Јамал.
Дембеле имаше одлична сезона со ПСЖ каде што ги освоија сите домашни трофеи, како и престижниот трофеј од Лигата на шампионите. Покрај овие двајца, се споменуваат и имиња како Рафиња, Мохамед Салах и Килијан Мбапе.
„Усман ја заслужува (Златната топка), го поддржував од самиот почеток. Ако ме прашаше, јас лично би му ја однел дома“, изјави тој Мбапе за „Телефут“.
Спорт
ФИБА ги објави термините за четвртфиналните пресметки

ФИБА ги објави четвртфиналните натпревари на Евробаскетот, натпреварите ќе се играат во вторник и среда.
За разлика од натпреварите од осминафиналето, кои се играа во 11:15, 14:15, 17:30 и 20:45 часот, четвртфиналните мечеви ќе се играат во различни термини.
Ќе се игра од 16:00 до 20:00 часот, по македонско време.
Во вторник, Турците, предводени од Алперен Шенгун, и Полјаците, кои ја елиминираа селекцијата на БиХ, ќе бидат првите што ќе излезат на теренот.
А во ударниот термин од првиот ден, ќе играат Литванците, кои го елиминираа домаќинот Латвија, и Грците, кои славеа над Израел на крилата на Јанис Адетокумбо.
Во среда, првиот дуел е судир меѓу неочекуваните четвртфиналисти, Финците и Грузијците, двете најголеми изненадувања на турнирот кои ги елиминираа фаворизираните Србија и Франција.
Последниот натпревар од четвртфиналето ќе го играат светските шампиони, Германците и Словенците, кои сите надежи ги полагаат на неверојатниот Лука Дончиќ.
Foto/ EPA
Спорт
Алкараз ја започна 37-та недела на врвот, Ѓоковиќ „скокна“ три места

Карлос Алкараз го освои Ју-ес опен и по една година се врати на челната позиција на АТП листата. На најновата листа има неколку промени во Топ 10, Новак Ѓоковиќ скокна три позиции и сега е на четвртото место.
Алкараз ја започна 37-та недела од својата кариера како водечки играч во светот, а до тој статус стигна преку едно од најсложените ждрепки на турнирот.
Неговиот пат до пехарот беше речиси беспрекорен – тој загуби само три брејка во текот на целиот турнир, подвиг што само Пит Сампрас успеа да го достигне во модерната ера.
Со овој триумф, Алкарас дојде до 11.540 поени, со што јасно ја потврди својата лидерска позиција.
На второто место е Италијанецот Јаник Синер со 10.780 поени, додека Александар Зверев остана на третото место со 5.930.
Новак Ѓоковиќ направи значаен скок и сега е четврти со 4.830 поени – тој се искачи за три места во споредба со претходниот пласман.
Тејлор Фриц (4.675), Бен Шелтон (4.280), Џек Дрејпер (3.690), Алекс де Мајнор (3.545), Лоренцо Мусети (3.505) и Карен Хачанов (3.280) ја комплетираат десетката најдобри тенисери во светот.
Foto/ EPA