Свет
Панета го потпиша налогот за испраќање на ракетите Patriot во Турција

Американскиот министер за одбрана Леон Панета ги потпишал налозите за испраќање на ракетните системи „Patiot“ и 400 американски војници во Турција, поради одбрана од можни ракетни напади од Сирија, јави во петокот Reuters.
Во Турција ќе бидат испратени вкупно шест батерии од земјите коишто ги поседуваат модернизираните системи „Patriot PAC 3“ кои се дизајнирани за пресретнување проектили или авиони, и тоа од САД, Германија и Холандија, кои ќе бидат под команда на НАТО, а треба да станат оперативни до крајот на јануари.
На 7-ми декември Холандија одлучи наскоро да и’ испрати на Турција за разместување на границата со Сирија два противракетни система „Patriot“ и 360 свои војници.
Германската влада претходно одобри за доставување на Турција две батерии од овој систем, со 170 војници за што дозвола треба да даде и Бундестагот.
Турција како членка на НАТО на 21-ви ноември официјално побара од своите сојузници распоредување на противвоздушните ракетни системи „Patriot“ на нејзината 910 километри долга граница со Сирија каде 20 месеци се води жесток внатрешни вооружен конфликт. Овие системи коишто во минатото веќе беа еднаш распоредени на турската територија во 1991 и 2003 година во времето на првата и втората Заливска војна против Ирак, може да уништат во лет проектили коишто би дошле од територијата на Сирија, како што беше случај досега во неколку наврати./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел денеска ги врати телата на 15 Палестинци во Газа

Израел денеска ги врати телата на 15 Палестинци во Газа, со што вкупниот број на вратени лица се искачи на 135, соопшти денеска Министерството за здравство на Појасот управуван од Хамас.
Според договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, Израел требаше да ги врати телата на 15 Палестинци за секој вратен починат израелски заложник, објави „Тајмс оф Израел“.
Претходно денеска, канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Хамас мора да го почитува договорот и да ги врати останките од преостанатите 18 убиени заложници кои сè уште се наоѓаат во Појасот Газа.
Израелската војска (ИДФ) претходно го информираше семејството на убиениот Елијаху Маргалит дека Хамас го вратил неговото тело во Израел синоќа.
ИДФ соопшти дека, според разузнавачките информации, Елијаху (75) бил убиен на 7 октомври 2023 година, а неговото тело подоцна било однесено во Појасот Газа од кибуцот Нир Оз.
Смртта на Елијаху Маргалит беше потврдена од израелската војска во декември 2023 година.
Свет
Милиони Американци би можеле да останат без купони за храна

Околу 42 милиони Американци би можеле да останат без купони за храна во ноември поради тековниот прекин на работата на федералната влада, предупреди министерката за земјоделство Брук Ролинс.
Програмата за дополнителна помош во исхраната (SNAP), позната и како купони за храна, е дел од клучната национална мрежа за безбедност на храната и обезбедува просечен месечен надомест од 188 долари по лице, пишува Си-Ен-Ен.
Ролинс рече дека средствата за програмата ќе бидат исцрпени во рок од две недели и ги обвини демократите за блокадата на финансирањето.
Свет
Десетици илјади евакуирани на Филипините, се приближува ураган

Десетици илјади луѓе на Филипините се евакуирани денеска од своите домови на брегот на Пацификот поради опасност од поплави во момент кога тропската бура „Феншен“ го зафати регионот, јавија светските агенции.
Бурата попладнево со брзина на ветрот до 80 км на час ја погоди општина Губат, на југоисточниот врв на главниот остров Лузон, соопшти државната метеоролошка служба.
Откако жителите беа евакуирани од крајбрежните и другите ризични области, локалните власти соопштија дека нема извештаи за сериозни штети или жртви.
„Имаше обилни дождови и силни налети на ветер, иако не толку силни“, изјави Рајан Естреладо, спасувач во Губат.
Ураганот вечер треба да помине во близина на островот Катандуанес, кој има население од 270.000 жители, со брзина на ветер до 90 км/ч. Се очекува „Феншен“ да се засили пред да стигне до копното по втор пат во централен Лузон, соопшти националната метеоролошка служба.