Македонија
???? ?? ???????? ????? ??????? ?? ???????, ????????? ??????????? ?? ????

Членот на Судскиот совет Наџат Ајро кој утринава имаше здравствен проблем на седница на Советот , е во стабилна здравствена состојба и е задржан на лекување.
Членот на Судскиот совет Наџат Ајро кој утринава имаше здравствен проблем на седница на Советот , е во стабилна здравствена состојба и е задржан на лекување. Тој според првичните наоди на лекарите имал проблеми со срцето. Од судскиот совет велат дека не било прв пат нивниот колега да се жали на проблеми со срцето. Утринава неколку минути откако претседателката на Судскиот совет ја отвори седницата членот на советот Неџат Ајро побара пауза од 10 минути. Стана од своето место и тетеравејќи се замина кон канцеларија. Колегите во прв момент не знаеја што се случува. Кога видоа дека тој побледе им стана јасно дека на колегата му е многу лошо. Веднаш се стрчаа му дадоа шеќер и вода , но состојбата не му се подобри. Повикаа итна медицинска помош. Додека дојдоа лекарите министерот Михајло Маневски, претседателката Александра Зафировска и другите членови на советот се обидуваа да му ја стабилизираат состојбата. Сите видно вознемирени чекаа да дојдат лекарите. На носилка Ајро беше однесен од својата канцеларија во болница. Претседателката Александра Зафировска им соопшти на присутните дека поради настаната ситуација седницата се прекинува и ја презакажа за утре. Според дневниот ред на седницата треба да се бираат судии за врховен и апелација од Скопје. Но најголема задача Судскиот совет ќе има да ги избира 15 -те нови судии во новиот Виш управен суд. Сепак најголем интерес и најмногу борба ќе има за петте места во скопска апелација каде конкурирале неколкумина судии од Основниот суд 1 во Скопје. крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Не само технолошка трансформација, туку суштинска инвестиција во луѓето, јавната администрација мора да се движи во чекор со времето, порача Рисова Мутлулар

Шефот на Кабинетот на Министерот за јавна администрација, Маја Рисова Мутлулар, и раководителот на Секторот за обуки, Агрон Меџити, учествуваат на состанокот на Директори на институти и школи за јавна администрација (DISPA), што се одржува во Будва, Црна Гора.
Под мотото „Иднината на јавната администрација: Лидерство во криза и постигнување резултати“, настанот има за цел да обезбеди платформа за размена на добри практики, стратегии и иновативни пристапи за градење капацитети кај јавните службеници, особено во време на предизвици и неизвесности.
Настанот е организиран од ReSPA – Регионалното училиште за јавна администрација, во соработка со Европската школа за администрација и поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Црна Гора.
Во текот на интензивната програма, учесниците дискутираа за дизајнирање на иновативни и флексибилни системи за обука, користење на податоци за управување со човечки ресурси, значењето на коучингот за развој на лидерски капацитети и придобивките од меѓународни и извршни програми за размена.
Во рамки на дискусиите, Рисова Мутлулар истакна: „Јавната администрација мора да се движи во чекор со времето, тоа значи не само технолошка трансформација, туку и суштинска инвестиција во луѓето. Само преку континуирана обука, поддршка и создавање простор за иновации, можеме да создадеме администрација што ќе одговара на потребите на граѓаните.”
Настанот обедини претставници од ЕУ и земјите од регионот, со цел споделување искуства, градење партнерства и идентификување заеднички приоритети за подобрување на јавните услуги.
Министерството за јавна администрација останува посветено на креирање ефикасна, транспарентна и професионална јавна служба, преку регионална соработка, модернизација на системите за обука и развој на човечките ресурси, велат од таму.
Македонија
МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна.
„На 15.10.2025 во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека Н.К. од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци “ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на спомен куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство“, велат од МВР.
На местото извршиле увид претставници на Завод и музеј – Охрид, заедно со полициски екипи. По целосното расчистување на случајот, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство“, согласно член 264 од Кривичниот законик.
Македонија
За 30 дена ќе ставам крај на депониите во Гази Баба, рече кандидатот на СДСМ за градоначалник, Митовски

Кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ, Влатко Митовски, најави дека во првите 30 дена од преземањето на функцијата ќе го реши проблемот со сметот и дивите депонии во општината.
„Нема повеќе да има диви депонии зад контејнерите, ниту општината ќе создава сопствени депонии. Отпадот ќе биде одложуван на пропишани и контролирани локации, а комуналното претпријатие повторно ќе стане функционално,“ порача Митовски.
Тој го обвини актуелното раководство дека четири години не успеало да воспостави систем за редовно собирање на отпадот, поради што комуналните служби се во целосен колапс.