Македонија
Каменувани 50-ка и 57-ка, нема повредени
Во петокот навечер се регистрирани уште два напада врз автобуските на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, во коишто за среќа нема повредени.
Во петокот навечер се регистрирани уште два напада врз автобуските на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, во коишто за среќа нема повредени. Откако скопската полиција презема мерки за поригорозна контрола во скопските автобуси по серијата инциденти во коишто настрадаа малолетници, млади лица и возачи на ЈСП, насилниците почнаа со каменување на возилата. Во петокот навечер околу 20.15 часот на булеварот „Никола Карев“, во реонот на полициската станица Бит пазар, додека автобусот број 50 се движел кон центарот на градот, четири лица почнале да фрлаат камења кон возилото, при што искршиле стакло до предната влезна врата и го оштетиле плехот од горната платформа на автобусот, по што избегале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот, информираат од МВР. Околу 45 минути по полноќ во саботата, во Скопје на улицата „Цветан Димов“, поточно на автобуската постојка наспроти џамијата „Јаја Паша“, непознато лице со тврд неутврден предмет го оштетил автобусот број 57 кој се движел во правец кон населбата Бутел. Притоа било скршено стакло од задната врата на автобусот. Во исто време на истото место, како што се претпоставува од истиот сторител, бил оштетен и автомобил „пежо“ со кој во тој момент управувал 26-годишен скопјанец./крај/мвр/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

