Македонија
Момче прободено со нож, пукотници и тепачки во Скопје

Ноќта кон саботата скопската полиција регистрирала повеќе насилства, во кои едно момче на улицата „Рузвелтова“ во централното градско подрачје е прободено со нож, а во другите случаи се регистрирани употреби на разни видови оружје.
Ноќта кон саботата скопската полиција регистрирала повеќе насилства, во кои едно момче на улицата „Рузвелтова“ во централното градско подрачје е прободено со нож, а во другите случаи се регистрирани употреби на разни видови оружје.Околу 02,30 часот во Скопје на улицата „Рузвелтова“, 25-годишен скопјанец по претходна расправија, од 23-годишен сограѓанин бил повреден со нож во левата страна на градниот кош. Напаѓачот избегал од местото на инцидентот, а полицијата трага по него и работи на расчистување на случајот. Повреденот момче е згрижено во Градската општа болница Скопје, а неговата состојба е стабилна.Во петокот навечер, околу 20,20 часот, скопската полиција добила известување дека на улицата „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир, четири лица се инволвирани во меѓусебна тепачка, при што едно од нив извадило нож во намера да се пресмета со противниците. При брзата интернвенција на полицијата приведено било осомничено 17-годишно момче, кај кое полицијата открила нож со дрвена рачка со сечило од 8 цм и боксирач, за што му е поднесена соодветна пријава.Претходно во петокот, околу 17 часот, во Скопје на улицата „М.К.У.Б.“ поточно кај автопералната „Муча“, исто така, во скопски Чаир, настанала расправија меѓу две лица, а по само 15 минути на местото пристигнала група од 15 помлади лица коишто ги повикал едниот од учесниците во кавгата. Откако вработен од автопералната им укажал да не се расправаат пред објектот, едно од лицата му пришло и почнало да го удира со тупаници во главата, а потоа и другите лица почнале да го удираат со тупаници и клоци. Во еден момент едно од лицата извадило пиштол и испукало два куршума во воздух, а потоа оружјето го вперило кон врабтоениот во автопералната, но во намерата да го застрела бил спречен од друго лице, по што побегнале од местото на инцидентот. Припадниците на полициската станица Чаир преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, наведуваат од МВР.Во петокот, исто така, околу 18 часот, во Скопје на улицата „Лазар Личеновски“, четири неидентификувани лица на мостот „Гоце Делчев“ неколку стотина метри од зградата на Владата, нападнале две 15 и едно 17-годишно момче од Скопје. Децата се движеле по мостот во правец на Влада на РМ, кога биле пресретнати од лицата, и тоа две лица од напред, а две лица од одзад, кои без повод и причина физички ги нападнале удирајќи ги со клоци и тупаници, а еден од напаѓачите ги удирал со метална шипка, при што двете помлади момчиња се здобиле со видливи повреди во пределот на лицето и главата./крај/мвр/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.