Свет
Од 1960 година до сега 9 лица преживеале авионска несреќа
Десетгодишното момче Рубен вон Асоу е деветата личност во светот која е единствен преживеан од голема авионска несреќа, објави Си- Ен-Ен во своја анализа.
Десетгодишното момче Рубен вон Асоу е деветата личност во светот која е единствен преживеан од голема авионска несреќа, објави Си- Ен-Ен во своја анализа.
Рубен ја преживеа авионската несреќа во Триполи која се случи во вторникот а во која загинаа 92 патници и 11 члена на екипажот.
На 30-ти јуни 2009 година 13-годишната Бахија Бакари беше единствениот преживеан патник од Ерменија Ервејс Ербас кој патуваше до Коморос. Бакари со скршена клучна коска лебдела во вода цели девет часа.
На 24-ти декември 13-годишната Франческа Луис преживеа авионска несреќа во мал Цесна авион кој се сруши во џунглите на Панама. Луис преживеала хипотермија поради багажот кој бил во авионот и кој бил недопрен па можела да го искористи да се облече.
Двегодишното дете Мохамед Ел Фатех Осман преживеа пад на Боинг 737 во Судан на 8-ми јули 2003 година. И покрај тоа што имало изгореници од падот, Осман бил прогласен за „Чудо од Господ“ од страна на министерот за авијација на Судан.
Деветгодишната Ерика Делгадо исто како Рубе ги загуби родителите во падот на авионот во близина на Богота на 11 јануари 1995 година, во која животот го загубиле вкупно 51 патник. По несреќата Делгадо била сметана за национален херој а го добила и прекарот „малата мис чудо“.
Петгодишната Сесилија Сичан ја преживеа авионската несреќа на 16 август 1987 година во близина на Детроит но со многу изгореници по целото тело.
Во јануари 1972 година стјуардесата Весна Вуловиќ преживеа пад од 10.000 метри и со тоа влезе во Гинисовата книга на рекорди а легендата вели дека откако се разбудила во болница, првата реченица и била „Може да добијам една цигара?“.
Седумнаесетгодишната Јулијана Копечке во 1971 година преживеа авионска несреќа во прашумите на Амазон, во која загинале 91 лице. Копечке 10 дена морала со скршеници да лови пирани за да преживее се додека не ја пронашле спасувачките екипи.
Првиот документиран преживена патник во 20 век е Стивен Балц кој во несреќата во Њујорк 1960 година имал само 11 години но сепак им подлегнал на повредите следниот ден./крај/цнн/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

