Спорт
Евролига: Победи за Мекејлеб и Антиќ

Македонските репрезентативци Лестер Бо Мекејлеб (Монтепаски Сиена) и Перо Антиќ (Олимпијакос), со своите екипи забележаа победи во четвртото коло од Топ 16 фазата, во Евролигата.
Македонските репрезентативци Лестер Бо Мекејлеб (Монтепаски Сиена) и Перо Антиќ (Олимпијакос), со своите екипи забележаа победи во четвртото коло од Топ 16 фазата, во Евролигата. Лестер Бо Мекејлеб го предводеше Монтепаски до победата над Уникаха од 84:69, со што италијанскиот шампион на две кола до крајот на Топ 16 фазата избори пласман во четвртфиналето. Монтепаски во Групата Ф има максимален ефект, четири победи во исто толку натпревари. Мекејлеб на паркетот мина нешто повеќе од 24 минути и за тоа време зад своето име запиша 18 поени, 4 скока , 2 асистенции и 2 украдени топки. Олимпијакос, во драматичен натпревар, во Групата Е, во Истанбул го победи Анадолу Ефес со 65:67. Грчкиот тим до победата стигна благодарение на пеколната игра во одбраната, Ефес во првиот и третиот период постигна девет, односно десет поени. Олимпијакос, по четири кола има две победи и два порази, но остана во игра за освојување на второто место, додека Ефес се прости со шансите за пласман во четвртфиналето. Капитенот на македонската репрезентација, Перо Антиќ на паркетот мина нешто помалку од 20 минути и имаше учинок од 4 поени, 5 скока, 3 асистенции. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Погачар го вози најскапиот велосипед на светот

Тадеј Погачар (26) е словенечки велосипедист и еден од најдоминантните возачи на својата генерација. Со 21 година, тој го освои Тур де Франс (три пати во кариерата), а до ден денес има освоено бројни победи на најголемите трки во светот.
Познат е по својата експлозивност на искачувањата, техничката вештина и тактичката зрелост. Вози за тимот на ОАЕ „Емирати“ и постојано го потврдува својот статус на еден од најдобрите возачи во историјата на велосипедизмот.
Неговиот тим објави на социјалните мрежи фотографија од велосипедот „Колнаго“ што Погачар го вози на Тур де Франс.
Станува збор за специјална верзија на „Колнаго V5R“. Тежи само околу 7 килограми поради неговата конструкција од ултралесна карбонска тркачка рамка, чија конструкција е многу цврста и лесна.
Серијата „Колнаго V“ (V4R/V5R), особено во тимската или ограничена верзија на Тур де Франс, е меѓу најскапите сериски велосипеди во светот.
Се проценува дека тркачкиот велосипед на Погачар вреди помеѓу 18 и 20 илјади евра, во зависност од изданието и дополнителната опрема, што го прави најскапиот велосипед во светот. За споредба, велосипедите од пониската серија Колнаго или постарите генерации (на пр. V3, C-RS 105) се движат помеѓу 2.500 и 6.000 евра.
Спорт
Феликс го одложи враќањето дома, се сели во Саудиска Арабија

Извесно е дека португалскиот фудбалер Жоао Феликс ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.
Некогаш големиот талент за чии трансфер од Бенфика, пред седум години, Атлетико Мадрид издвои 136 милиони евра, ќе се пресели во Ал-Наср.
Ова е претставува изненадување за фудбалската јавност, бидејќи детали го делеа Феликс од враќањето во Бенфика.
Во приказната реши да се вмеша Ал Наср и букввално да го украде веќе виденото засилување од португалскиот гигант. Челзи ќе добие околу 57.000.000 евра, а Феликс ќе добие голема плата и можност да игра со Кристијано Роналдо.
Освен финансиите, тоа беше и негова голема желба бидејќи станува збор за човек кого го идолизира.
По заминувањето од Атлетико, Феликс не се снајде во Барса, Челзи, Милан…
Foto/ Prinskrin
Спорт
(Видео) Бруно за триумф на Јунајтед над Вест Хем, Борнмут славеа над Евертон

Фудбалерите од Премиер лигата се во екот на подготовките за следната сезона, а една од омилените дестинации е САД. Преку Атлантикот, се одржува второто издание на Летната серија на Премиер лигата, а натпреварите од првото коло веќе се одиграни.
Овогодинешните учесници се Манчестер јунајтед, Вест Хем, Евертон и Борнмут. Победи во натпреварите од првото коло забележаа Манчестер јунајтед и Борнмут.
„Црвените ѓаволи“ го победија Вест Хем со 2:1 на „МетЛајф“ во Њу Џерси, на крилата на најдобриот играч Бруно Фернандес. Двата гола за трофејниот клуб од „Олд Трафорд“ ги постигна Португалецот. Во петтата минута беше прецизен од 11 метри и го донесе тимот на Рубен Аморим во водство.
Тој го зголеми резултатот на 2:0 во 52-та минута. Единствениот гол за Вест Хем го постигна Џаред Бовен во 63-та минута.
Многу поубедлив беше Борнмут против Евертон. Немаше голови до 55-та минута. Потоа Билинг го донесе Борнмут во водство. Само четири минути подоцна, Уатара го дуплираше водството. Конечните 3:0 ги постави Абу Аџеи во 69-та минута.
Летната серија на Премиер лигата продолжува во среда навечер со натпреварите од второто коло Манчестер јунајтед – Борнмут и Евертон – Вест Хем во четврток.
Фото/ Принтскрин