Спорт
Тричковски со АПОЕЛ избори пласман во ЛШ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/48c0905e-3f87-4aad-b114-7b0663611f79.jpeg)
Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Иван Тричковски, со својот клуб АПОЕЛ избори пласман во фазата по групи во Лигата на шампиони.
Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Иван Тричковски, со својот клуб АПОЕЛ избори пласман во фазата по групи во Лигата на шампиони. Вечерва на Кипар, АПОЕЛ ја надополни предноста од 0:1 која по првиот меч ја имаше полскиот шампион Висла од Краков. Во реваншот на домашен терен АПОЕЛ победи со 3:1. Херојот на кипарскиот преставник е Аилтон кој постигна два гола во 54-та и клучниот во 88-та минута од натпреварот. Претходно АПОЕЛ поведе со голот на Мандука во 29-та минута. Единствениот гол за Висла го постигна Вилк во 72-та минута. Македонскиот репрезентативец Тричковски ги одигра сите 90 минути и според официјалниот сајт на УЕФА бил еден од најекспонираните играчи во својот тим. Тричковски заедно со Горан Пандев, играчот на Интер, сезонава ќе бидат репрезенти на македонскиот фудбал во елитното фудбалско натпреварување.Пласман во фазата по групи вечерва покрај АПОЕЛ обезбедија Баерн Минхен, Виљареал и Динамо Загреб. Баерн улогата на фаворит ја оправда и на реваншот со Цирих, Баварците во Швајцарија победија со 1:0, со голот на Марио Гомез. Виљареал на својот стадион „Ел Мадригал“ долго се мачеше да го скрши отпорот на Оденсе. Два гола постигна Џузепе Роси, а еднаш данската мрежа ја погоди ветеранот Марчена. Динамо Загреб во Малме загуби со 2:0 и благодарение на победата од 4:1 во првиот меч оди понатаму. Фигуеиредо и Жансон беа стрелци на головите за Малме. Извлекувањето на групите во Лигата на шампионите ќе се одржи во четврток во Монако, со почеток во 18:45 часот. крај/uefa.com/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
УЕФА размислува за укинување на продолженијата во ЛШ, ама дури од 2027
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/6-4.jpg)
Како што пренесува Гардијан, Европската куќа на фудбалот размислува да ги укине продолженијата во нок-аут фазата во Лигата на шампиони, но промената би можела да се случи дури во 2027 година.
Во последно време, фудбалерите се повеќе го креваат гласот поради згуснатиот распоред, па УЕФА разгледува опции како да ги намалат минутите кои се играат.
Како што пренесува Гардијан, Европската куќа на фудбалот размислува да ги укине продолженијата во нок-аут фазата во Лигата на шампиони.
Еднa ваква промена би се случила само откако ќе заврши сегашниот циклус натпревари, односно дури во 2027 година.
Спорт
Мартинез во аут до крајот на сезоната
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/1738574752-GettyImages-2197239998-1.jpg)
Лисандро Мартинез заработи нова тешка повреда и нема да се врати на терените до крајот на сезоната.
Аргентинскиот дефанзивец заработи повреда на вкрстените лигаменти на левата нога во поразот од Кристал Палас (0:2), во неделата. Манчестер јунајтед потврди дека нема да може да смета на него до крајот на сезоната.
Ова е петта повреда за Мартинез откако пристигна на „Олд Трафорд“ во 2022 година.
Оваа сезона одигра 32 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и забележа две асистенции.
РЕ-Наши фаци
Македонецот Ервин Цого останува селектор на швајцарската 3х3 репрезентација до 2028: „Целта е да одиме на Олимпијада“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Ервин-Цого-02.jpg)
Македонскиот баскетџија, Ервин Цого, го продолжи договорот со Швајцарскста кошаркарска федерација и ќе остане селектор на машката 3х3 репрезентација до 2028-ма година.
Цого, кој го презеде кормилото на 3х3 репрезентацијата на почетокот на 2024, во првата година како селектор успеа да ги освои квалификациите за Европското првенство, и на шампионатот да го освои 4. место со швајцарската репрезентација.
За новите предизвици, Цого вели: „Договорот е до 2028-ма, а 2028-ма е година на Олимпијадата, па се надевам на квалификација на најголемото спортско натпреварување, бидејќи 3х3 е веќе олимписки спорт. Летово ќе играме квалификации за Европското првенство во Букурешт на 7 и 8 јуни, а после тоа одиме на Светското првенство во Монголија, кое ќе се игра на 22 и 23 јуни. Обезбедивме учество на Светско, откако лани завршивме четври на Европското првенство и добивме директен тикет за на Светско. Играчите во тимот и годинава се исти – шест играчи се во конкуренција, од нив 4 ќе бидат избрани за натпреварување. Се познаваме сите добро, имаме добра хемија во тимот. Со добра хемија и желба за успех, може да изненадиме секого и да дојдеме до големи успеси“.
За потсетување, Ервин Цого беше член на македонската 3х3 репрезентација – тој во летото 2023 ја заврши својата репрезентативна кариера по настапот со националниот тим на турнир во Братислава.