Македонија
Рикер: Можно е решение за името
Конечна резолуција со која ќе се затвори прашањето со името е можна, но таа работа треба да ја завршат владите на двете држави.Ова во вторник во Скопје го изјави американскиот амбасадор Филип Рикер, по работниот ручек на членовите на Американско-македонската стопанска комора (AmCham)
Конечна резолуција со која ќе се затвори прашањето со името е можна, но таа работа треба да ја завршат владите на двете држави.
Ова во вторник во Скопје го изјави американскиот амбасадор Филип Рикер, по работниот ручек на членовите на Американско-македонската стопанска комора (AmCham) со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
„Нашиот став е непроменет. Силно го поддржуваме приемот на Македонија во НАТО, силно го поддржуваме нејзиното членство во Европската унија и силно поддржуваме изнаоѓање на конечно решение за името, кое ќе донесе подобра иднина за сите“, изјави Рикер.
Тој напомена дека дијалогот и конверзацијата се секогаш корисни, што беше случај и со неодамнешната средба во Брисел на премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу.
„Нашиот став е многу јасен. Ова е работа на Македонија и на Грција. Тоа е нешто, што самите две држави треба да го направат и ние не можеме да ја завршиме работата за нив“, рече Рикер.
„Се разбира тука целиот процес се одвива со посредство на Обединетите нации и двете држави можат да ги користат капацитетите на медијаторот Метју Нимиц“, рече Рикер, изразувајќи надеж дека Македонија и Грција ќе дојдат до решение. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Николоски со Караџов и Маринеску во Брисел: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.
На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.
Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.
Николоски ги запозна соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.
Тој потенцира дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.
Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.

