Регион
Јеремиќ: Подгорица и' „става прст во око“ на Србија
Министерот за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ смета дека воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Подгорица и институциите во Приштина „претставува непотребно ставање прст во око на Србија“
„Се надевам дека до тоа нема да дојде, затоа што за такво нешто, во вакви околности, навистина нема потреба“, изјавил Јеремиќ за српскиот весник „Блиц“.„Во случај ако тоа сепак се случи ќе реагираме на адекватен начин, согласно нашите државни интереси“, рекол српскиот министер.Јеремиќ истакнал дека малку е веројатно Меѓународниот суд на правдата во Хаг после расправата за легалност на прогласување на независноста на Косово да излезе со став дека е прифатлива еднострана промена на границите на меѓународно признатите држави.Тој додал дека очекува со завршувањета на судскиот процес да се доведе до обнова на дијалогот кој ќе донесе компромисно решение кое ќе го прифатат сите држави на светот.Јеремиќ потсетил дека претставниците од некои земји, меѓу кои и Црна Гора, јавно зборувале за можноста да го повлечат признавањето на Косово во случај на позитивна одлука на Меѓународниот суд на правдата.Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ и потпретседателот на Владата Светозар Маровиќ потврдиле дека Црна Гора би ја преиспитала одлуката за признавање на независноста на Косово доколку Меѓународниот суд на правдата оцени декатаа одлука е нелегална.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија е меѓу првите во регионот што воведува тестирање за алкохол кај летачкиот и кабинскиот персонал
Од 1 јануари 2026 година, во Србија ќе почне систематско тестирање на летачкиот и кабинскиот екипаж за присуство на алкохол.
Со тоа, Србија станува една од првите земји во регионот што ја воведува оваа постапка во целост, објави Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Србија.
Тестирањето ќе се спроведува на летачкиот и кабинскиот екипаж на домашни и странски авиони што ги користат аеродромите во Србија.
Проверките ќе ги вршат специјално обучени и овластени воздухопловни инспектори на Дирекцијата.
Постои нулта толеранција за присуство на алкохол кај членовите на екипажот на авионите.
За мерење на количината на алкохол ќе се користат сертифицирани и калибрирани уреди за мерење на алкохол во здивот, кои имаат доказна вредност во судските постапки.
Во случај член на летачкиот или кабинскиот екипаж да го одбие тестот или тестот утврди присуство на алкохол, воздухопловниот инспектор привремено ќе му забрани да ги извршува должностите на член на екипажот и ќе го пријави тоа на надлежните органи.
По правило, тестирањето ќе се врши во кабината на авионот, а податоците за спроведените тестови ќе се внесуваат во централизирана база на податоци управувана од Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската Унија (EASA).
За почетокот на примената на оваа постапка, Дирекцијата навремено ги информираше сите воздухопловни субјекти во Србија и EASA, која има улога да обезбеди поддршка во дефинирањето на приоритетите за тестирање и управувањето со релевантните податоци.
Фото: depositphotos
Регион
Хрватска: Во тек е јавна дебата за изградбата на првата нуклеарна централа
Во Хрватска, Предлог-законот за примена на нуклеарна енергија за цивилни цели, изготвен од работна група составена од голем број експерти од областа, е пуштен на јавна дебата, што всушност е првиот сериозен правен чекор во долгорочниот и скап процес на изградба на првата нуклеарна централа на хрватска територија.
Во последните месеци, министерот за економија Анте Шушњар често се појавуваше во јавноста со идејата дека Хрватска треба да изгради сопствена нуклеарна централа, што во овие нови геополитички околности и трендови на напуштање на фосилните горива, како и во времето на револуцијата на вештачката интелигенција и потребата од огромни количини електрична енергија, би донело стабилност во електроенергетскиот систем на земјата и би влијаело на намалувањето на емисиите на штетни гасови, пренесува „Танјуг“.
Од нацрт-верзијата на предложениот закон е јасно дека Хрватска во иднина во голема мера ќе се потпира на нуклеарна енергија. Планот е една третина од електричната енергија до 2040 година да доаѓа од нуклеарни извори.
Регион
Бахамите го признаа Косово
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.
Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.
Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
depositphotos

