Свет
Либиската хуманитарна помош за Газа пристигна во Египет
Бродот „Надеж“ кој во саботата од Атина под молдавско знаме заплови кон блокираниот појас Газа, пристанал во египетското пристаниште Ал-Ариш, јави Reuters
Бродот „Надеж“ (Амалтеј) во водите пред египетското пристаниште допловил доцна навечер во средата а ноќта ја минал вкотвен во близина на пристаништето, бидејќи чекал дозвола за вкотвување од либискиот нарачател, пренесуваат агенциите повикувајќи се на егиептските медиуми.Претставници на либиската амбасада во Каиро пристигнале во пристаништето Ал-Ариш со цел да ги координираат истоварот и транспортот на хуманитарната помош до Појасот Газа.На бродот има околу две илјди тони храна и лекови кои ќе бидат истоварени и пренесени по копно. Лековите ќе бидат превезени до Појасот Газа преку граничниот премин Рафах, а храната преку другите два премина на границата меѓу Египет и Газа.Бродот е изнајмен од либиската фондација „Гадафи“, предводена од синот на Моамер Гадафи, Сеиф ал Ислам Гадафи. На него, освен екипажот се наоѓаат и девет пропалестински активисти, меѓу кои шест Либијци, Алжирец, Мароканец и Нигериец.Претходните денови од организацијата до руската агенција РИА Новости испратија електронска поштоа во која беше наведено дека доколку не биде можно пристанување во Газа, капетанот ќе го пренасочи бродот кон египетското пристаниште Ел-Ариш.На бродот има 12 членови на екипажот и повеќе десетици хуманитарни активисти, пишува Reuters. Според агенцијата, капетанот на бродот е истиот на чиј брод „Мар Марамара“ загинаа девет лица а повеќемина беа тешко ранети по интервенција на командоси од израелската воена морнарица на 31 мај.Постојат две опции за крајната дестинација на обој брод. Едната е повторно да се обиде да ја мине ослабената блокада и да тргне директно кон брегот во секторот на Газа или, пак да пристане во египетското пристанише Ел-Ариш.Портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи во неделата изјави дека бродот се упатил кон Ел-Ариш.„Брод замина од пристаништето во насока на појасот Газа. Но, ако биде спречен да доплови до брегот, ќе се пренасочи кон пристаништето во Ел Ариш во Египет“, изјави за Reuters претставник на компанијата сопственик на бродот ACA Shipping.Претходно, на 6 јули, претставник на палестинските исламсти Исмаил Рaдуан изјави дека владејачкото во Појасот Газа, палестинско движење Хамас инсистира на целосното повлекување на израелската блокада врз енклавата, и не е согласно со нејзиното попуштање кое на 5-ти јули го објавија израелските власти. Тел Авив имено најави дека ќе ја прошири листата на стоки кои ќе може да се внесуваат во Газа, а исто така вети дека „нема да биде потребна специјална согласност“ за да се внесуваат стоки кои беа досега вклучени на листата. Ревизијата на санкциите дојде по меѓународниот притисок што следеше по инцидентот со шест странски бродови кои пловеа кон Газа со товар од хуманитарна помош а беа спречени од израелската морнарица.Тогаш покрај деветте жртви, десетици беа повредени а стотици беа затворени меѓу кои и тројца македонски државјани.Израелските власти објаснуваат дека укинувањето на ограничувањата за увоз на цивилни стоки во појасот Газа, е потребата да се рехабилитира режимот на блокадата во рамките на контролата за внесување воени материјали. Паралелно со проширувањето на производите кои се дозволени за увоз во Газа, израелската страна вети дека неколкупати ќе се зголеми обемот на прекуграничен проток на стоки.Пловидбата на бродот „Надеж“ е нов обид за кратко време да се пробие израелската поморска блокада, односно по онаа од 31 мај и од 5-ти јули кога беше запрен и товарниот брод „Рејчел Кори“ кој исплови од Ирска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поранешен советник на Пентагон: Време е Зеленски да избега во Израел
Пензионираниот полковник на американската армија и поранешен советник на шефот на Пентагон, Даглас Мекгрегор, изјави дека дојде време украинскиот претседател Володимир Зеленски да „бега во Израел“, бидејќи, како што тврди, повеќе нема никаква политичка или безбедносна иднина. Коментарот беше објавен на платформата Икс.
„Време е Зеленски да ги запали моторите на својот личен авион и да одлета за Израел. Тој стана непотребен и нема иднина“, рече Мекгрегор.
Тој, исто така, оцени дека неодамнешната средба на Зеленски со британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц била „бескорисна“, бидејќи украинскиот лидер, според него, не добил ништо освен „бесмислени гаранции“.
На 8 декември, Зеленски се сретна со тројцата европски лидери во Лондон, каде што, меѓу другото, разговараа за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на конфликтот во Украина. Според соопштението од Елисејската палата, разговорите ќе продолжат, а европските земји имаат намера да му обезбедат на Киев „сигурни безбедносни гаранции“ и да учествуваат во планирањето на обновата на земјата.
Фото: депозитфотос
Свет
Захарова: Нема ништо лошо во трговијата, но Зеленски се занимава со крваво пазарење
Нема ништо лошо во трговијата, сè додека не се занимавате со некакво крваво пазарење, што го прави Владимир Зеленски, изјави претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Нема ништо лошо во трговијата, кога не станува збор за трговија на луѓе кои ви верувале и кои ве избрале да донесете мир во земјата, како што ветивте.
Но, кога станува збор за трговија со верата, довербата на луѓето, па дури и нивните животи – што вклучува трговија со органи, трговија со украински деца, труење на честа, совеста и иднината на Украина – тогаш тоа добива сосема друго значење“, рече Захарова, коментирајќи ги изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Спутник.
„Навистина, она што го прави Зеленски е крвава трговија“, оцени Захарова. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно го нарече Зеленски трговец, и тоа не за прв пат, потсетуваат медиумите.
Фото: депозитфотос
Свет
(Видео) „Спејс Икс“ лансираше ракета со тајна мисија за американската војска
Ракета „Фалкон 9“ на „Спејс Екс“ што носи доверлив товар за Националната извидувачка канцеларија на САД (НРО) беше лансирана вчера од лансирната рампа 40 на вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида. Тоа беше уште една класифицирана мисија за националната безбедност на САД.
„Фалкон 9“ полета во 14:16 часот по источноамериканско време, пробивајќи се низ облачното небо над вселенската станица Кејп Канаверал. Мисијата е означена како НРОЛ-77, а товарот е, како и обично со НРО, обвиен во тајност.
Liftoff! pic.twitter.com/4iQmX6dSF8
— SpaceX (@SpaceX) December 9, 2025
Националната извидувачка канцеларија, која работи во рамките на Министерството за одбрана на САД, е одговорна за управување со американската флота шпионски сателити. Во официјалната изјава на НРО само се наведува дека мисијата „носи товар за национална безбедност дизајниран, изграден и управуван од НРО“, без да се дадат дополнителни технички или оперативни детали.
Falcon 9’s first stage lands on LZ-2 pic.twitter.com/63yup6zvUT
— SpaceX (@SpaceX) December 9, 2025
Ова беше седмиот лет на „Фалкон 9“ во 2025 година, со ознака „NROL-“. Порано оваа година беа лансирани мисиите NROL-153, NROL-57, NROL-69, NROL-192, NROL-145 и NROL-48, кои траеја од јануари до септември.
Првата фаза на „Фалкон 9“ успешно се врати на Кејп Канаверал, дополнително демонстрирајќи ја посветеноста на „Спејс Екс“ за повторна употреба на ракетните системи, дури и на сложени и чувствителни мисии за американската воена и разузнавачка заедница.
фото: unsplash

