Свет
Индија и Пакистан договорија автобуска линија во Кашмир
Индија и Пакистан постигнаа денеска договор за воведување на долго очекуваната автобуска врска преку линијата на раздвојување во Кашмир.
Индија и Пакистан постигнаа денеска договор за воведување на долго очекуваната автобуска врска преку линијата на раздвојување во Кашмир. Станува збор за прв конкретен резултат во мировниот процес, што треба да овозможи обединување на кашмирските семејства, раздвоени со поделбата на Индија во 1947 година. Автобуската линија ќе ги поврзува Шринагар, летната престолнина на индискиот дел на Кашмир, и Музафарабад, главниот град на пакистанскиот дел на спорниот регион. Првите автобуси треба да тргнат на седми април годинава. /макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Американски воен аналитичар: Во случај на војна со Русија, НАТО ќе биде демилитаризиран една деценија
НАТО ќе биде демилитаризиран една деценија во случај на конфликт со Русија и Кина, смета американскиот воен експерт Вил Шрајвер.
„Во конвенционален конфликт против Кина и Русија, НАТО ќе ја исцрпи целата своја залиха на ракети од сите видови, ќе изгуби десетици големи воени бродови и стотици најдобри авиони – сето тоа за помалку од еден месец“, напиша Шрајвер на мрежата X.
„НАТО на тој начин практично би бил демилитаризиран една деценија“, посочи тој.
Москва постојано изразува загриженост за трупањето на силите на Алијансата во Европа. Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Москва останува отворена за дијалог со НАТО, но на рамноправна основа, додека Западот мора да се откаже од својата политика на милитаризација на континентот, пренесува Спутник.
Рускиот претседател Владимир Путин посочи дека евентуалниот влез на Украина во Алијансата претставува закана за безбедноста на Русија, што е една од причините за почетокот на Специјалната воена операција, пишува медиумот.
Свет
(Видео) Најмалку десет повредени кога играчки паднале врз деца: новогодишната забава тргна наопаку во Масачусетс
Камерите го снимија застрашувачкиот момент кога играчките изложени на новогодишна забава паднаа врз деца и повредија најмалку десет лица.
Несреќата се случила во игротеката „In the game“ во Пиводи, Масачусетс, каде била организирана попладневна прослава на новата година, објави Daily mail.
Додека вработените се обидувале да фрлат куп балони обесени над нивните глави врз толпата, прикажаните играчки паднале врз најмалите.
Пластичните блокови паднале од височина од околу четири метри, поради што 10 лица се здобиле со полесни повреди, изјави за „Бостон 25 њуз“ шефот на противпожарната служба на Пибоди, Џон Даулинг.
Осум лица се префрлени во локалните болници, додека двајца одбиле транспорт.
Возраста на жртвите не е позната, но на фотографиите се гледаа деца и родители во публиката. Снимките од локалните медиуми покажаа повеќе амбулантни возила надвор од центарот кои носеа неколку луѓе на носилки надвор од зградата, пренесува медиумот.
„ Се надевам дека ова не е навестување каква ќе биде 2025 година. Сите се добро, но малку крваво“, напиша еден сведок на Фејсбук.
Свет
ФБИ објави детали: напаѓачот сакал да ги убие семејството и пријателите, го сменил планот
Американскиот воен ветеран кој со својот камион влетал во луѓето на новогодишната забава во Њу Орлеанс, се заколнал на верност на Исламската држава и дејствувал сам во нападот во кој загинаа најмалку 14 лица, соопшти ФБИ.
Осомничениот, кој беше убиен на местото на настанот откако отвори оган врз полицијата, е идентификуван како Шамсуд-Дин Џабар, 42-годишен ќител на Тексас кој служел во Авганистан.
Тој возел од Хјустон до Њу Орлеанс на 31 декември и објавил пет видеа помеѓу 1:29 и 03:02 ноќта на нападот во кои рекол дека ја поддржува Исламската држава (ИД), додаде ФБИ.
Во првото видео, Џабар објаснува дека прво планирал да им наштети на семејството и пријателите, но бил загрижен дека медиумското покривање нема да се фокусира на „војна меѓу верниците и неверниците“, рече заменик-помошникот директор на ФБИ, Кристофер Раја на прес-конференција.
Џабар на снимките изјави и дека се приклучил на ИД пред минатото лето. „Тоа беше терористички чин. Тоа беше однапред смислен и злобен чин“, нагласи Раја.
ФБИ соопшти дека се чини дека нема врска помеѓу нападот во Њу Орлеанс и епизодата во Лас Вегас истиот ден, кога сајбер камионот Tesla, натоварен со канистри со бензин и моќни пиротехнички средства, експлодираше и се запали пред меѓународниот хотел Трамп.
Тоа се случи три недели пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да се врати во Белата куќа.
Меѓу повредените во нападот во Њу Орлеанс имало и двајца полицајци кои биле застрелани од осомничениот.
Нападот се случи три часа по почетокот на новата година на улицата Бурбон во историскиот француски кварт.
Најмалку 15 лица загинаа, вклучувајќи го и осомничениот, соопшти ФБИ. Тој додаде дека во возилото користено во нападот било пронајдено знамето на Исламската држава.
Властите во другите американски градови објавија дека ја зголемиле безбедноста, вклучително и на Трамп Тауер и Тајмс Сквер во Њујорк, додавајќи дека таму нема непосредни закани.
Во Вашингтон, полицијата, исто така, соопшти дека го зголемила своето присуство додека главниот град се подготвувал да биде домаќин на три големи настани овој месец.
На 6 јануари Конгресот ја потврдува победата на Трамп на претседателските избори, на 9 јануари се одржува државното збогување на поранешниот претседател Џими Картер, а на 20 јануари инаугурацијата на Трамп.