Македонија
Ленка: Први мај е ден за протест
Ден за скара може да биде и недела, а ден за протест е 1ви мај. Сите би требало да излезат и да кажат дека се загрижени за ситуацијата со работничките права во Македонија.
Ден за скара може да биде и недела, а ден за протест е 1ви мај. Сите би требало да излезат и да кажат дека се загрижени за ситуацијата со работничките права во Македонија. Ова на денешната прес конференција го порачаа од Движењето за социјална правда „Ленка“. Од оваа организација повикаа на масовен одзив на првомајскиот протест бидејќи на речиси сите работници во Македонија им се кршат работничките права. „Сите кои работиме прекувремено, сите на кои не ни ги плаќаат придонесите за пензиско и инвалидско осигурување, сите на кои има се вршат политички притисоци, сите на кои им се врши мобинг, сите што се невработени, сите стечајци, сите сиромашни луѓе, со овој протест заеднички можеме да покажеме дека се кршат нашите права,“ порача Здравко Савевски од „Ленка“. Според Савевски, во секоја гранка постои кршење на работничките права дури и онаму каде платите се највисоки како на пример во телекомуникацискиот или банкарскиот сектор каде редовно има дополнителна прекувремена работа која не се плаќа. „Најстрашна е ситуацијата кај текстилните работнички каде за многу ниска плата, пониска од потрошувачката кошничка се работи недозволиво долго, и дури и правото на пауза при работа се занемарува. Има случаи каде постои „ред“ и во одреден термин се закажува одењето во тоалет,“ додаде Савевски. Од Ленка велат дека протестот ќе има интернационалистичка димензија и освен Македонците ги повикаа Албанците, Турците, Ромите и сите други да излезат на протест бидејќи работниот однос не познава етнички граници./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

