Економија
Пазарџиите некомплетно подготвени за ХАССАП
Техничките услови за имплементација на ХАССАП системот се исполнети, освен во делот на млечните производи каде пазарџиите наидуваат на потешкотии поради скапите разладни уреди што треба да ги набават
Ова на десеттина дена пред целосната имплементација на ХАССАП системот го соопшти првиот човек на групацијата на зелени пазари, Драган Василевски, и ги демантираше гласините во медиумите дека голем дел од пазарите после Нова година ќе престанат да работат.Тој истакна дека одговорноста за воведувањето на стандардите за безбедност на храна не зависи само од пазарџиите, туку и од производителите, и побара целосна имплементација на законот. Од Дирекцијата за храна рекоа дека ќе ги одложат казнените одредби само за да им дадат доволно време на пазарџиите да ги направат подготовките. „Целта е да се натераат пазарџиите доколку не започнале, уште веднаш да започнат со подготовки за имплементација на ХАССАП стандардите во делот на млечните производи. Не може да се продаваат производи за чие чување нема услови и веднаш ќе биде забранет прометот со истите. За сите што не отпочнале подготовка, а вршат промет, казните ќе бидат ригорозни и ќе се движат од 2.000 до 5.000 евра за продавачите или забрана за работа од 2 до 6 години за правните субјекти“, рече д-р Марина Домазетова од Дирекцијата за храна.Корисниците на тезги сметаат дека пазарите се некомплетно подготвени за ХАССАП во делот на млечните прозиводи, но велат дека претпријатијата што стопанисуваат со пазарите треба да ги обезбедат потребните услови. „Тој што продава млечни производи на тезга треба да обезбеди соодветна потврда од Ветеринарна управа дека ги исполнува условите за продавање, но одговорност на организацијата на пазари е да ги обезбеди стандардите за чување на производите“, рече Екрем Дулек, од Здружението на тезгаџии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

