Свет
Средба на шефови на дипломатии на ЕУ

Проширувањето на ЕУ со земји од западен Балкан, е меѓу темите на дводневниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на Европската
Проширувањето на ЕУ со земји од западен Балкан, е меѓу темите на дводневниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ), што започнува денеска во Чешка.
Неформалната средба во местото Хлубок, на Влтава, започнува со работен ручек на кој ќе се разговара за Блискиот исток, Белорусија и цивилните мисии на европската безбедносна и одбранбена политика.
Вториот ден ќе биде посветен на прашањата за проширување и западен Балкан.
Предвидено е и учество на шефовите на дипломатии од државите-кандидати и потенцијални кандидати.
Хрватска, од балканските држави што очекуваат прием во ЕУ во блиска иднина, може единствено да се надева на кандидатура, иако тој процес забавува поради билатералниот проблем со Словенија.
Спогодбата за асоцијација и стабилизација на Србија е “замрзната” поради недоволна соработка со Хашкиот трибунал, Советот на ЕУ се уште не го разгледувал црногорското барање, Македонија се уште чека на датум за почеток на преговорите, а БиХ и Албанија се уште не поднеле барање за прием./крај/ме/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан: Победник на новиот буџетски план на Европската комисија е Украина, а губитниците се граѓаните на ЕУ

Победник на новиот буџетски план на Европската комисија е Украина, поради износот на пари наменети за Киев, а губитници се европските граѓани, изјави денес унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Тоа би можело особено силно да ги погоди земјоделците. Унгарските земјоделци, заедно со нивните европски колеги, би можеле да добијат многу помалку субвенции во иднина“, рече Орбан.
Унгарскиот премиер додаде дека „во Брисел има хаос“ затоа што новиот буџетски предлог на Европската комисија, кој „ги изненади сите“, беше објавен, истакнувајќи дека „ситуацијата е драматична“, пренесува MTI.
Денес, Европската комисија ќе го претстави првиот пакет предлози за следниот долгорочен буџет на ЕУ, познат и како повеќегодишна финансиска рамка (MFF), пренесува Танјуг.
Свет
Италија планира да ослободи 10.000 затвореници за да ја намали пренатрупаноста

Италија ја разгледува можноста за ослободување до 10.000 затвореници, што е речиси 15 проценти од вкупната затворска популација, со цел да се намали пренатрупаноста, објави денес Министерството за правда. Министерството соопшти дека приближно 10.105 затвореници имаат право на алтернативни мерки, како што се домашен притвор или условна казна, објави „Ројтерс“.
Овие мерки ќе се применуваат на лица што веќе се осудени, на кои им остануваат помалку од две години од казната и кои немале сериозни дисциплински прекршоци во последните 12 месеци, објавува „Танјуг“.
Затворениците осудени за тешки кривични дела, вклучувајќи тероризам, организиран криминал, силување, трговија со луѓе и киднапирање, нема да бидат ослободени.
Според World Prison Brief, Италија се соочува со едно од највисоките нивоа на пренатрупаност во затворите во Европа, со стапка на зафатеност од 122 процента. Само Кипар, Франција и Турција имаат полоша ситуација, беше наведено.
Иако беше предложено затворениците да бидат ослободени, овој потег е политички чувствителен, па затоа Министерството за правда формира работна група, која ќе соработува со затворите и со судиите за условна слобода. Оваа комисија ќе донесува одлуки за секој поединечен случај и ќе поднесе извештај за својата работа до септември.
Свет
Иран: Нема нови нуклеарни преговори со САД без исполнување на условите

Иранскиот парламент објави дека земјата нема да ги продолжи нуклеарните преговори со Соединетите Американски Држави додека не се исполнат одредени предуслови, објавија државните медиуми.
„Кога САД ги користат преговорите како алатка за да го измамат Иран и да прикријат ненадеен воен напад од страна на ционистичкиот режим (Израел), разговорите не можат да се водат како порано. Потребно е да се постават предуслови, а нови преговори не можат да се водат додека не се целосно исполнети“, се вели во соопштението.
Иако предусловите не беа детално наведени, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, претходно истакна дека еден од условите може да биде гаранција дека нема да има понатамошни напади врз Техеран.
Минатиот месец, САД и Израел започнаа напади врз нуклеарните објекти на Иран, тврдејќи дека тие се дел од програмата за развој на нуклеарно оружје. Техеран ги отфрла овие тврдења.
Техеран и Вашингтон одржаа пет рунди индиректни разговори, со посредство на Оман, пред почетокот на 12-дневната воздушна кампања. Овие преговори заглавија поради барањето на САД, Иран да ја суспендира својата домашна програма за збогатување на ураниум.
Минатата недела, Арагчи го повтори ставот на Техеран дека нема да се согласи на нуклеарен договор што би го забранил збогатувањето на ураниум и дека Иран нема да разговара за теми што не се директно поврзани со неговата нуклеарна програма, вклучително и балистичките ракети.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во вторникот изјави дека не брза да преговара со Иран, бидејќи, како што рече, нивните нуклеарни капацитети сега се „уништени“. Сепак, САД, во соработка со Франција, Германија и Велика Британија, го поставија крајот на август како краен рок за постигнување договор.
Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, во вторникот потврди дека Париз, Лондон и Берлин ќе го активираат механизмот за повторно воведување санкции на ОН против Иран доколку дотогаш нема конкретен напредок кон договор, објави Ројтерс.