Спорт
Милан и Роналдињо потсетија на минатите времиња
Во премиерниот меч од седмото коло на италијанската Серија А, Милан на својот „Сан Сиро“ го порази петопласираното Киево со 3:1 и моментално го зазема врвот на првенствената табела
Се чини дека саботната вечер беше момент на испирација за бразилскиот трилинг во редовите на „росонерите“. Роналдињо, Пато и Робињо на „Сан Сиро“ демонстрираа многу елементи од бразилскиот фудбалски шарм (или магија, како сакате) со прекрасни дриблизни, инвентивност во акциите и вистински виртуозни минијатури.Во победата на Милан се истакна најмладиот од бразилската колонија во Милан, Алешандре Пато кој ги постигна двата водечки голови во 18. и во 30 минута, и двата на додавање на шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ. Но популарниот Ибра во 71. минута кога веќе не можеше да постигне погодок во голот на Киево,со автогол им даде надеж на гостите. По ова Киево и имаше прилики од кои можеше да бара изедначување, но мечот заврши како што и почна. Роналдињо во третата минута од судиското надополнување му асистираше на Робињо, кој во 69. минута го замени Пато, го мина и голманот и откосо ја пласираше топката во празната мрежа. Ова е првиот гол на Робињо во дресот на Милан, кој во првото полувреме покажа одлична игра надигрувајќи го сосема противникот, но во второто полувреме како да немаше сила да продолжи со истот темпо.Милан со оваа победа е на првото место со 14 бодови, а следат Лацио со 13 кој во недела му гостува на Бари, а Наполи кој гостува кај Катанија како и Интер кај Каљари имаат по 11 бодови.Вечерва уште играат Рома и Џенова.Во недела Серија А ќе биде комплетирана со двојките Каљари-Интер, Бреша-Удинезе, Катанија-Наполи, Чезена-Парма, Јувентус-Лече, Палермо-Болоња, Сампдорија-Фиорентина, Бари-Лацио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Украина обезбеди бараж, Франција и Англија ја потврдија доминацијата, победи и Србија
Во решавачкиот натпревар од 6-то коло од групата Д од квалификациите за Светското првенство, Украина го победи Исланд со 2:0 (0:0) и се избори за место во баражот за пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Украина, во клучниот натпревар во борбата за второто место го победи Исланд со голови во последните 10 минути од натпреварот.
Стрелци на головите на натпреварот одигран во Варшава беа Зубков во 82-та минута и Гуцуљак во 93-та минута/
Во истата група, како гостин, Франција го победи Азербејџан со 3:1 и го потврди првото место.
Во К групата, во пресрет на последната рунда беа решени сите дилеми. Англија избори пласман на СП, а Албанија ќе игра во баражот.
Во Тирана, Англија со головите на Хари Кејн ја победи Албанија со 2:0. Англичаните со максимални осум победи и гол разлика 22:0 го завршија овој квалификациски циклус.
Досега, само четири репрезентации ги завршија квалификациите за Светското првенство со 100% учинок и без примен гол: Германија (2018), Шпанија и Холандија (2010) и Западна Германија (1982).
Србија по пресврт во втриот дел успеа да слави над Летонија со 2:1. Летонвите водеа по првиот дел со голот на Гутковскис. Во второто полувреме, играчите кои влегоа од клупата го режираа пресвртот, ветеранот Катаи и синот на легендарниот српски ас Дејан Станковиќ, Александар.
Спорт
Синер ја одбрани титулата на Завршниот Мастерс
Јаник Синер го освои Завршниот Мастерс во Торино со победа од 2-0 во сетови над Карлос Алкараз.
Синер го победи Алкараз со 7:6, 7:5 по два часа и 15 минути борба.
Со ова, Италијанецот ја одбрани титулата на Завршниот Мастерс, без загубен сет, а неговиот настап на бетон во затворен простор се зголеми на 31 победа по ред, во последните 40+ натпревари, само Новак Ѓоковиќ го победи, и тоа во финалето на Торино 2023 година.
Алкараз и покрај поразот ја заврши годината на првото место, но Синер со овој триумф ја намали неговата предност на 550 поени.
За дваесет и четиригодишниот Синер, ова е шеста титула во сезоната, а 24-та вкупно во неговата кариера.
Бидејќи го освои Завршниот Мастерс без пораз, Синер освои 5 милиони долари. Со одбраната на титулата влезе во друштвото на Ѓоковиќ, Федерер, Хјуит, Сампрас, Мекенро, Лендл, Борг и Настасе.
Спорт
Манчестер Јунајтед во НБА Европа
Екипа од Манчестер е прва што официјално стана тим на НБА Европа.
Добро познатиот проект НБА Европа објави дека нивниот прв официјален тим е од Англија, поточно од Манчестер.
Претседателот на Италијанската кошаркарска асоцијација, Џани Петручи, изјави дека маркетиншкиот потенцијал на НБА Европа е многу голем и потврди дека Манчестер Јунајтед е првиот тим од нивното натпреварување.
„Ако Манчестер Јунајтед, тимот со најмногу навивачи во светот, бил првиот што се согласил на овој проект, мора да има причина за тоа, нели? Ова е нова лига што ќе има добар систем, одлични ресурси и ќе обезбеди одлична забава за гледачите. Договорот е дека членовите мора да играат во домашни лиги“, потврди Петручи.
НБА Европа има план да регрутира повеќе тимови од големите европски градови…
„Тим од Рим? Да, ќе има и тим од Рим. Постои можност да биде поврзан со многу богат претприемач“, потврди тој.
Значи, Манчестер Јунајтед е првиот, а се чини дека тимот од Рим ќе биде вториот новоформиран кошаркарски тим што ќе се приклучи на НБА Европа, која ќе започне во сезоната 2027/28.

