Регион
Во Либија киднапиран уште еден српски државјанин

Српскиот државјанин Мирослав Томиќ во саботата бил киднапиран во Либија, а од српското министерство за надворешни работи изјавиле дека се во постојан контакт со либиските власти, пренесуваат српските медиуми.
Од српското МНР ја потврдиле оваа информација за весникот „Вечерње новости, истакнувајќи дека прават се за оваа состојба што поскоро да се реши и српскиот државјанин да биде пуштен да слободен.
Како што дознава белградскиот весник, 36-годишниот Томиќ, кој работи на нафтените полиња одалечени 1.200 километри од главниот град Триполи, бил киднапиран кај нафтената станица „Месина оилфилд“, која е во сопственост на компанијата „Арабиан голд олив компани“. Инаку, станицата не се наоѓа во зоната на судирите, поради што се претпоставува дека киднапирањето било извршено од страна на локална криминална група. Потрагата по киднапираниот Србин започнала веднаш по неговото исчезнување.
Според неофицијалните информации, Томиќ бил најверојатно киднапиран додека бил во обиколка на нафтената станица. Тој во Либија бил вработен во компанијата „Феростал“, која се занимава со одржување на нафтени цевки и постројки. Како и сите останати вработени, и Томиќ имал гаранции од компанијата дека ќе биде безбеден, поради тоа што околу нафтените полиња има обезбедување.
Пред пет години фирмата ги евакуираше своите вработени од зоната на судирите, а киднапирањето било извршено во мирен дел на земјата, поради што и се претпоставува дека било е направено за да се бара откуп. Томиќ до пред три седмици бил во Србија, а планирал да се врати во јули за да оди на семеен одмор со сопругата и двата сина. Последен пат со него, на ден пред киднапирањето, се слушнал еден пријател кој исто така живее и работи во Либија.
Во ноември минатата година во близината на градот Сабрата беа киднапирани службениците на српската амбасада во Либија, Слаѓана Станковиќ и Јовица Степиќ, кои нажалост потоа загинаа на 19-ти февруари, за време на американските воздушни напади на упориштето на терористичката организација Исламска држава.
Кон средината на јануари годинава, пак, по десет месеци заробеништво од затворот во Триполи беше ослободен Срѓан Бабиќ, поранешен телохранител на Зоран Ѓинѓиќ, а кој работел за француската компанија „Аргус“, која се занимава со физичко обезбедување на дипломатски и економски мисии./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.