Скопје
Ново тениско игралиште во дворот на основното училиште Григор Прличев

Ново тениско игралиште беше пуштено во употреба во среда во дворот на основното училиште Григор Прличев. Овој проект е реализиран во соработка помеѓу општина Гази Баба и Агенцијата за млади и спорт.
Со овој проект општината и Агенцијата за млади и спорт сакаат да дадат дополнителен мотив на учениците за поголема спортска активност.
Тениското игралиште го посетија претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, градоначалникот Тони Трајковски и директорот на Агенцијата за млади и спорт. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)