Компании
BP ќе отпушти 4.000 работници
Британската нафтена и гасна компанија British Petroleum(BP) најави во вторник дека ќе отпушти пет отсто од работниците во земјите ширум светот заради континуираниот пад на цената на нафтата.
Во рамки на програмата за реструктуирање вредна 3,5 милијарди долари, BP ќе отпушти 4.000 работници во сегментот на истражување и производство. До крајот на годината би требало на платниот список во тој дел на работењето да имаат 20.000 работници.Британската компанија на крајот на 2015 година вкупно имала 80.000 вработени.„Сакаме да ја поедноставиме структурата и да ги намалиме трошоците, не загрозувајќи ја при тоа безбедноста. Очекуваме на глобално ниво бројот на вработени во сегментот на истражување и производство до крајот на годината да падне под 20.000“, рече портпаролот на компанијата.Според неговите зборови, компанијата во Северното море во следните две години ќе отпушти 600 работници, со тоа што повеќето од нив ќе си заминат до крајот на оваа година.Нафтените компании, вклучувајќи ги и Royal Dutch Shell и Chevron, веќе отпуштиле десетици илјади работници во земјите ширум светот за да можат да се справат со падот на цената на нафтата за околу 75 отсто од јуни 2014 и последователниот пад на заработката.BP мора да плати и 20 милијарди долари казна заради излевањето на нафта во Мексиканскиот залив во 2010 година и во октомври најавија трет круг на кастрење на расходите. Така до крајот на 2017 година планираат да ја ограничат капиталната потрошувачка на 17 до 19 милијарди долари годишно.Изминатите години веќе продадоа имот вреден повеќе од 50 милијарди долари за да ги покријат трошоците од излевањето на нафтата, а оваа година имаат намера да продолжат со продажбите во висина од три до пет милијарди долари.Се проценува дека добивките на големите нафтени компании во сегментот на истражување и производство паднале во четвртото минатогодишно тромесечје во просек за 84 отсто, како и за 48 отсто во однос на претходните три месеца, наведуваат аналитичарите од компанијата Macquarie.BP ќе ги објави деловните резултати за четвртото тромесечје и целата 2015 година на почетокот на следниот месец. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

