Економија
Нови компании заинтересирани за инвестирање во Бунарџик

Министерот за економија, Фатмир Бесими соопшти дека има неколку компании со кои се водат преговори за да инвестираат во технолошко индустриската развојна зона „Бунарџик“, но не соопштува повеќе детали додека договорот не биде конечен.
Министерот за економија, Фатмир Бесими соопшти дека има неколку компании со кои се водат преговори за да инвестираат во технолошко индустриската развојна зона „Бунарџик“, но не соопштува повеќе детали додека договорот не биде конечен.
„Некои ангажмани се во завршна фаза на преговори, според очекувањата и дикусиите некаде во наредните месеци треба да завршат преговорите но би се воздржал да дадам одредени датуми, бидејќи во реалност работите не секогаш излегуваат како што се желбите и најавите“, рече Бесими на презентацијата на проектот Технолошко-индустриска развојна зона Тетово.
Директорот на агенцијата за привлекување странски инвестиции, Виктор Мизо, истакна дека заинтересираните компании одвојуваат повеќе години за да ги разгледаат условите кои ги нуди една земја, не само од аспект на евтина работна сила, туку и поради атрактивноста на локацијата.
„Процес на потпишување на договорот зависи од потребите и активностите на компаниите, како што беше примерот со ’Џонсон Мети’ кој две години разгледуваше повеќе од 100 локации во десет земји за на крајот да се одлучат да инвестираат кај нас. Процесот најкратко трае на една година, а може и да се одложи на две или три години, зависно и од состојбата на пазарот и потребите на компаниите“, изјави Мизо.
На денешната презентација на технолошко индустриска развојна зона во Тетово пред Стопанските комори и компаниите, министерот за економија истакна дека станува збор за пилот проект кој ќе се реализира според моделот на јавно приватно партнерство.
На оваа зона планирано е да никнат околу триесет компании кои ќе понудат вработување за околу седум до 10 илјади лица.
„Целта на оваа средба е за стабилизирање на пазарот односно на инвеститорите и да се презентираат одредени факти и детали од околу овој проекти, за да се запознаат повеќе инвеститори и да се зголемат шансите за успешност на овој пилот проект“, рече Бесими. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати

Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), донесе три одлуки за едностран раскин на Договори за концесија за експлоатација на минерални суровини и една одлука за одбивање на ново барање за концесија. Одлуките се веќе објавени во Службен весник на Република Македонија.
Од формирањето на Министерството до денес, вкупно се донесени 34 одлуки за едностран раскин на концесии поради непочитување на законските одредби за експлоатација на минерални суровини, неплаќање на концесиски надоместоци согласно утврдениот тарифник, непочитување на мерките за заштита на животната средина, пренесување на концесијата на друг субјект без согласност и експлоатација надвор од одобрениот експлоатационен предел.
Од Министерството информираат дека во моментов се во тек и повеќе постапки за раскин или одбивање на продолжување на концесии по исти или слични причини. Во истиот период констатиран е и раскин на 11 дозволи за експлоатација поради истек на договорот за концесија.
МЕРМС води и регистар на одземени концесии и тој од следниот период поради поголема транспарентност ќе биде јавно објавен на сајтот на министерството.
Министерката Сања Божиновска истакна:
„Нашата цел е транспарентно и одговорно управување со природните ресурси. Со засилената контрола и примената на законските мерки, обезбедуваме фер и одржлива експлоатација, која носи економски придобивки за државата и поддршка за локалните заедници. Овие одлуки се директна последица на посветените активности и системската работа на Министерството за воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси, подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите. “
Економија
Мицкоски: Неколкукратно е зголемена бројката на апликанти за мерката млад земјоделец во вредност од 70 милиони денари

Поради изборните ограничувања, мерката млад земјоделец не можеме да ја промовираме, иако огласот е завршен, филтерот е направен, 117 корисници односно апликанти за околу 70 милиони денари, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски истакна дека за разлика од 2023 година кога имало само 44 апликанти, односно само 18 корисници, истата денеска е зголемена неколкукратно односно на 117 апликанти.
Можеби бројката 117 не значи многу грандиозно, но ако се има предвид дека во 2023 година од 44 апликанти, само 18 имаме корисници, тогаш станува збор за неколкукратно зголемување. Така што веднаш по завршување на локалните избори кога веќе ќе ги немаме оние законски ограничувања, и формално ќе биде ставена во функција оваа мерка за поддршка на младите земјоделци.
Економија
Во јули годишен раст од 13,0 отсто на вкупните депозити и од 13,0 отсто на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 13,0%, којшто во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор, извести Народната банка.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0%, поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот