Свет
Нови контроверзи со исчезнатиот „Ербас“

Бразилски функционер изјавил дека пронајдените остатоци не одговараат на исчезнатиот авион на Air France а дека мрсната дамка од гориво е најверојатно од некој брод
Рамон Борхес Кардосо изјавил за BBC дека порано пронајдените остатоци од авион не му припаѓаат на францускиот „Ербас А330-200“. Според него, тоа се докажува со пронајдените дрвени палети кои не биле дел од товарот на авионот.Кардосо додал и дека горивото на морската површина најверојатно му припаѓа на авионот, но дека големата мрсна дамка од која беше објавен фотографија најверојатно е од некој брод. Во меѓувреме, како што вчера пренесовме, извршниот директор на Air France, Пјер-Анри Горжон на семејствата на патниците им соопштил дека не постои никаква надеж некој да преживеал и дека авионот се распаднал или во воздух или при пад во Атлантикот.На бразилските воени бродови кои ја го претражуваат океанот, од денеска им се приклучуваат уште три бразилски и уште еден француски истражувачки брод кој е опремен со мали подморници. Но временските прогнози не се наклонети кон екипите на истрагата, се очекува влошување на времето во овој дел од Атлантикот. Тоа ќе го направи уште потешко пронаоѓањето на ткн. „црни кутии“ кои ќе емитуваат сигнал уште 25 дена. Проблемот е што се претпоставува дека тие се потонати на дното, кое во овие води е на длабочина до седум илјади метри и со силни морски струи, а нивниот сигнал може да биде тие регистриран на оддалеченост до 1.800 метри.Се’ уште како најверојатна причина за падот на авионот, истрагата смета дека е се изгасиле или се замрзнале сензорите, потпирајќи се на автоматските пораки во последните четири минути од летот, кои сугерираат откажување на сите системи во авионот додека летал низ бурата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Дали знаете зошто папите не ги користат своите вистински имиња за време на службите

Американскиот кардинал Роберт Франсис Превост е избран за 69-ти поглавар на Католичката црква. Тој го избрал Лав XIV како свое папско име.
Но, дали всушност знаете зошто папите ги менуваат своите имиња кога се избрани? Станува збор за – традиција што трае веќе 470 години.
Иако не е задолжително да ги менуваат своите имиња, новоизбраните папи во повеќето случаи го земаат името на својот предок, изразувајќи ја со тоа својата желба да го следат нивниот пример. Овој преседан го постави првиот папа. Свети Петар чие родено име беше Симон. Новото име може да означува и „ново раѓање“ на почетокот на папството.
Со изборот на името Лав, новиот папа им се придружи на 13-те претходници кои го носеа истото име. Меѓу нив е и Лав XIII, познат по својот реформистички дух и неговата енциклика Rerum novarum од 1891 година, во која се нагласуваше човечкото достоинство и достоинството на работата. Свештеникот Кристофер Робинсон од Универзитетот ДеПол истакна дека ова е основата на современото социјално учење на Црквата. „Со изборот на името Лав XIV, тој ја покажува својата посветеност на општественото учење на Црквата кое го зацврстил Лав XIII“, рече свештеникот и експерт за Ватикан Томас Рис.
Папската историја изобилува со примери за такви симболични избори. На пример, папата Франциско, роден како Хорхе Марио Берголјо, го избрал своето име по Свети Франциск Асишки, „човек на сиромаштија, мир и љубов кон творението“, велејќи дека сонува за Црква „која е сиромашна и за сиромашните“.
Последниот папа со името Лав бил Лав XIII, чие вистинско име било Џоакино Винченцо Рафаеле Луиџи Печи.
Свет
Мексико го тужи Гугл за промена на името на Заливот во Американски Залив

Мексико го тужи интернет гигантот Гугл поради промената од Мексиканскиот Залив во Американскиот Залив на неговата услуга „Мапи“, изјави вчера мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум.
Претседателката го објави ова за време на нејзината дневна прес-конференција, но не сподели многу детали за тужбата. Гугл сè уште не го коментираше случајот.
Во февруари, Гугл го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски за американските корисници на својата услуга „Мапс“ откако американската влада еднострано го преименуваше водно тело. Корисниците надвор од САД ќе ги видат обете имиња.
Европа
Илјадници протестираа во Словачка. „Фицо го помина Денот на победата со воен злосторник“

Неколку илјади демонстранти вчера излегоа на улиците на словачкиот главен град Братислава и други градови за да протестираат против посетата на премиерот Роберт Фицо на Москва.
Фицо присуствуваше на годишната руска воена парада по повод победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Додека поголемиот дел од Европа ја одбележа годишнината завчера, Русија секогаш ја одржува својата парада на победата на 9 мај. Фицо беше единствениот лидер на земја-членка на Европската Унија што присуствуваше на настанот и беше критикуван за неговиот проруски став.
Најголемиот протест се одржа во Братислава. „9 мај е Ден на Европа, но не за секого. Роберт Фицо ќе го помине со воен злосторник“, објави организаторот на протестот на Фејсбук, алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин.
Шефицата на ЕУ, Каја Калас, исто така, остро го критикуваше патувањето на Фицо во Москва. „Секој што ја поддржува слободата, независноста и европските вредности треба да биде денес во Украина, а не во Москва. Фицо е на погрешната страна“, рече таа.
Словачкиот премиер го бранеше своето патување во пораки на Фејсбук до своите поддржувачи. Тој рече дека неговото патување е за да им оддаде почит на оние што загинаа за ослободувањето на Словачка од нацистичката власт.