Македонија
Нов сопственик на Канал 77 е синот на Гаврилов

Нов сопственик на радиото Канал 77 е Виктор Гаврилов, синот на досегашниот сопственик Горан Гаврилов.
Ова го потврди за Макфакс, Горан Гаврилов, кој вели дека во петок во Централниот регистер извршил промена на сопственоста.
Претходно, Советот за радиодифузија не го прифати начинот на кој сопственикот на радиото Канал 77, Горан Гaврилов, брат на пратеничката на СДСМ Билјана Казанџиска кој планираше да го реши проблемот со сопственоста со тоа што 80 отсто од радиото го препишал на неговиот син, а 20 отсто на неговата сопруга.
Но Гаврилов вели дека според негови информации од СРД, проблемот тогаш била неговата сопруга, чиј зет за сестра бил амбасадор во ЕУ.
Гаврилов сега се надева дека нема да има проблем, но доколку има вели дека и после крајниот рок до 30 септември, има дополнителни 15 дена да го реши ова прашање.
Заклучно со 30-ти септември, недела истекува рокот, до кога телевизиите Сител и Канал 5 и радиото Канал 77 треба да ја трансформираат сопственоста на радиодифузерите.
Според член 11 од Законот за радиодифузија, носители на јавни функции и членови на нивни семејства не можат да вршат радиодифузна дејност.
„Политички партии, државни органи, органи на државна управа, јавни претпријатија, единици на локална самоуправа, носители на јавни функции и членови на нивните семејства, не можат да вршат радиодифузна дејност ниту да бидат основачи, соосновачи или да стекнуваат учество во сопственоста на радиодифузерите“, се вели во член 11./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Петровец без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија, ги информира граѓаните дека на ден 13.09.2025 година (сабота) ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците на ул. 5 во село Огњанци (потег од основното училиште до маркет „Перо“), во општина Петровец.
Македонија
Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Под влијание на циклонска активност во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 25 l/m²) и засилен ветер. Во понеделник ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h). Во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Дел од Центар денес без вода поради дефект на водоводната мрежа

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, ги информира граѓаните дека на ден 13 септември 2025 година (сабота) ќе има прекин во водоснабдувањето во делови од Центар.
Поради уличен дефект на цевка со пречник Ф-275 мм на бул. „11 Октомври“ бб, кај Зелениот пазар, без вода ќе останат корисниците на потегот од Собранието до бул. „Кочо Рацин“, како и дел од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Прекинот ќе започне во 8 часот и ќе трае сè до санирање на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.