Регион
БиХ би можела да се најде на меѓународната „црна листа"

Босанскиот министер за безбедност, Фахрудин Радончиќ изјавил дека Босна и Херцеговина (БиХ) би можела да се најде на „црната листа”, заедно со земјите како Иран или Северна Кореја.
Радончиќ изјавил дека блокадата на предлог законот за спречување на перењто пари и финансирањето на тероризмот, е лоша по имиџот и економијата на БиХ, па оваа земја би можела доста лесно да се најде на „црната листа”.
Радончиќ додал дека законот бил изработен од неговото министерство, но бил блокиран од членовите на Заедничката комисија за одбрана и безбедност од Република Српска.
Неусвојувањето на законот значи дека сите трансакции од БиХ, првенствено на економските субјекти, мора да поминат низ сложена и бавна проверка која би можела да го загрози производството, појаснил босанскиот министер.
Како пример, Радончиќ навел дека секоја уплата на компаниите од БиХ, наменета за земјите на ЕУ, во банките на Унијата ќе мора да помине низ детална проверка за да се утврди дали парите потекнуваат од сомнителни трансакции. Заедно со сето тоа, додал Радончиќ, контролата ќе се применува и на трансакциите на граѓаните од сите ентитети, пренесуваат сараевските медиуми.
Радончиќ објаснил дека членовите на заедничката комисија од Република Српска не дале согласност за предложениот законски акт, бидејќи сметаат дека со ова надлежноста на овој ентитет ќе биде пренесена на БиХ.
„Нивните ставови дека ние ќе им ја ‘одземеме’ надлежноста, не се реални”, рекол Радончиќ, појаснувајќи дека поради неусвојувањето на споменатиот закон земјата наскоро би можела да се најде на меѓународната „црна листа”, поради неисполнувањето на обврските во планот за борба против перењето на пари и финансирањето на тероризмот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролени, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.
Регион
Дел од натстрешник се урна во центарот на Белград

Во центарот на Белград, пред продавница за парфеми, се урна таванот на натстрешник, пишува „Н1 Србија“.
Ова, најверојатно, се случило во текот на ноќта, а жената што работи во продавницата за парфеми изјавила за „Н1“ дека сè било во ред во текот на денот.
Властите поставија црвена лента на која пишува „внимание, опасност“, така што на граѓаните сега им е забрането да минуваат во тој дел од улицата.
Делови од таванот се наоѓаат и на самото шеталиште, а дел од него сè уште виси.
Регион
Македонец меѓу загинатите во Бугарија кога автомобил управуван од 19-годишник се заби во ресторан

Деветнаесетгодишен возач со автомобилот се заби во ресторан во Разград, Бугарија, при што загинаа три лица, меѓу кои 58-годишник, државјанин на Македонија, соопшти бугарската полиција.
Несреќата се случила по полноќ на улицата Гранчарска во градот. Според првичните информации, младиот возач ја изгубил контролата врз автомобилот, што ја предизвикало тешката несреќа. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни, јавуваат бугарските медиуми.
Починатите се лица на возраст од 62, 64 и 58 години, кои биле во објектот во моментот на несреќата.