Европа
Евакуирано туристичко место по намерно предизвикан пожар во Шпанија
Пожарот што во неделата изби кај медитеранскиот ресорт Хавеа, во близина на брегот кај популарното туристичко место Бенидорм, уништи 320 хекрати земјиште и неколку градби, сооштија службите за спасување.
Пожарот што во неделата изби кај медитеранскиот ресорт Хавеа, во близина на брегот кај популарното туристичко место Бенидорм, уништи 320 хекрати земјиште и неколку градби, сооштија службите за спасување.
Надлежните веруваат дека пожарот е намерно предизвикан затоа што во исто време почнал на неколку места.„Ова е тероризам врз животната средина, и не само што го уништува природното богатство, туку е директен напад врз луѓето“, вели шефот на регионалната влада Чимо Пуиг.„1.400 луѓе се евакуирани“, напиша на твитер Хуан Карлос Морахес, претставник на шпанската влада во источниот регион на Валенсија.Многу од евакуираните се сместени во училишта, а жителите на Хавеа се понудија да се сместат некои од луѓето и да им дадат храна и вода, вели Марија дел Пилар Замора, градски советник.Телевизијата Антена 3 извести дека неколку куќи се потполно уништени.До понеделник вечерта пожарот беше спречен да се шири понатаму, соопшти портпаролот на службите за итна реакција.„Ситуацијата повеќе не е загрижувачка, го сопреа пожарот“’, вели таа и додава дека пожарникарите продолжиле да работат и во текот на ноќта.Според пожарникарите огнот брзо се ширел и поради временските услови, карактеризирани со високи температури и ниска влажност на воздухот. Поголем дел од Шпанија во понеделник вечер беше под закана од пожари поради високите температури кои достигнуваа и повеќе од 40 степени Целзиусови.Министерството за внатрешни работи предупреди дека високите температури ќе продолжат до среда, и ги предупреди луѓето да не фрлаат опушоци од цигари во природа, како и стаклени шишиња.„Негрижата ги предизвикува поголемиот број пожари“, стои во изјавата.Шпанија постојано страда од пожари во летниот период, но во 2016 година забележан е пад на бројот на пожари. Според министерството за земјоделство 39.700 хекрати шума се уништени од пожар од јануари до август годинава. Просекот за тој период од 2006 година е 78.743 хектари./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Трагично заврши потрагата по 24-годишниот хрватски фудбалер, шпанската полиција тврди дека тој не бил убиен
Трагично заврши потрагата по 24-годишниот хрватски фудбалер Јаков Јелкиќ, кој исчезна рано наутро во саботата во Аликанте на источниот брег на Шпанија. Шпанската полиција го пронашла неговото тело на пристаништето Аликанте, со што се остварени најлошите стравови на семејството и пријателите.
По неколкудневна неизвесност, властите го открија телото на Јелкиќ во водата, а нуркачите од Цивилната гарда го извлекоа на брегот. Официјално е потврдено дека телото е пронајдено на крајот на едно од пристаништата. Во присуство на истражители процесот на извлекување на телото беше завршен вчера нешто пред 18.30 часот по локално време.
Иако резултатите од обдукцијата сѐ уште се чекаат, според полициски извори, прелиминарната истрага сугерира дека смртта е последица на несреќен случај и дека нема вмешаност на трето лице.
Исчезнувањето на Јаков Јелкиќ во саботата било пријавено во шпанската полиција откога му се изгубила секаква трага во ноќниот клуб „Упикум“ кај плоштадот Габриел Миро во Аликанте. Јелкиќ, кој имаше двојно швајцарско и хрватско државјанство, пристигна во градот еден ден порано со соиграчите од швајцарски фудбалски клуб од пониска лига.
Според неговите пријатели, по едно вечерно излегување, тој се вратил во клубот барајќи ја јакната што ја оставил таму, но никој од нив повеќе не го видел потоа. Следното утро, кога забележале дека не се вратил во хотелот, пријателите ја известиле полицијата, која почнала интензивна потрага.
Во рамките на истрагата прегледани се снимките од безбедносните камери од локации во надлежност на Градот, комплексот „Панорамис“ и Капетанијата на пристаништата. На снимката се гледа дека Јелкиќ се движи сам кон областа Дистрито Дигитал, дел од зоната на пристаништето во Аликанте. Набргу потоа му се изгубил сигналот од мобилниот телефон во оваа област, околу три часот наутро, пишува „Дијарио Аликанте“.
Кога истражителите ги утврдија последните познати движења на исчезнатиот млад човек, потрагата беше интензивирана, вклучително и снимки од воздушни дронови и пребарување на тимови со нуркачи. Клучен момент во истрагата се случил кога истражител од полициската управа во Аликанте забележал тело во водата, на речиси два метра под површината, на крајот на пристаништето, јавуваат шпанските медиуми.
Телото е идентификувано како Јаков Јелкиќ, а по наредба на дежурниот суд во Аликанте, била спроведена официјална постапка на извлекување.
Телото е пренесено во Институтот за судска медицина во Аликанте, каде што денеска ќе биде извршена обдукција. Се очекува резултатите да ги разјаснат околностите на смртта и да потврдат дали станува збор за несреќен случај.
Оваа трагедија е втора смрт забележана во пристаништето Аликанте изминатиот викенд, што предизвика загриженост кај локалните власти и граѓаните. Имено, во неделата во пристаништето било пронајдено тело на жена што претходниот ден била пријавена за исчезната.
Европа
Севернокорејците не се видени во Курск со недели, велат јужнокорејските разузнавачи
Севернокорејските сили распоредени во рускиот регион Курск не учествуваат во борби од средината на јануари, изјавија денеска за АФП јужнокорејските разузнавачи потврдувајќи ги претходните украински извештаи.
„Се чини дека од средината на јануари севернокорејските сили распоредени во регионот Курск во Русија не учествуваат во борбите“, соопшти јужнокорејската Национална разузнавачка служба. „Една причина може да биде големиот број жртви, но точните детали сѐ уште се истражуваат“, додаде изворот во изјавата.
North Korean infantry attacks Ukrainian positions in Kursk. This is yet another confirmation that it is not just “Ukrainian probelm.” When dictators joined to destroy a sovereign democratic country, it becomes the problem for the entire world. Because the next question is who is… pic.twitter.com/yUZ4zufo2e
— Roman Sheremeta 🇺🇦🇺🇸 (@rshereme) December 14, 2024
Украинската војска во петокот соопшти дека верува оти севернокорејските трупи, кои се борат заедно со руските војници на фронтот во регионот, биле повлечени откога претрпеа големи загуби.
Според Киев, 12.000 севернокорејски војници, меѓу кои речиси 500 офицери и тројца генерали, се распоредени во овој регион, каде што украинската армија од август окупира неколку стотици квадратни километри. Ниту Русија ниту Северна Кореја не потврдија дека овие војници ѝ се приклучиле на руската армија.
Според изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во декември, 3.000 севернокорејски војници се убиени или ранети од почетокот на нивниот ангажман за поддршка на Русија. Сеул ги проценува тие загуби на приближно 1.100.
Европа
Русија распоредува ракетни системи „Орешник“ во Белорусија
Руските ракетни системи „Орешник“ ќе бидат распоредени на територијата на Белорусија во согласност со договорот меѓу лидерите на двете земји, најави високиот руски дипломат Алексеј Полшчук.
„Во согласност со нашите сојузнички обврски… Русија е подготвена да му ја даде на Минск потребната поддршка и да преземе мерки за заштита на нашиот заеднички одбранбен простор“, рече Полшчук, шеф на Вториот оддел за Заедницата на независни држави во руското Министерство за надворешни работи во интервју за новинската агенција ТАСС.
Тој посочи дека, во согласност со договорот меѓу лидерите на двете земји, „руските балистички ракети со среден дострел „Орешник“ ќе бидат распоредени и во Белорусија.
Полшчук исто така, рече дека на територијата на Белорусија веќе е распоредена заедничка регионална група воени трупи и дека се распоредени современи руски одбранбени системи и нестратешко нуклеарно оружје.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко кон крајот на јануари објави дека рускиот хиперсоничен систем Орешник ќе и биде испорачан на земјата набрзо и дека може да биде распореден поблиску до регионот Смоленск, јави ТАСС.