Регион
Давутоглу: Секуларизмот останува во новиот Устав на Турција

Секуларизмот ќе остане во нацрт уставот којшто го изработува исламско-конзервативната влада на Турција, изјави во средата премиерот Ахмет Давутоглу, по жешката расправа која ја поттикна претседателот на парламентот изразувајќи го своето противење.
„Во новиот устав кој го подготвуваме, ќе се наоѓа принципот на секуларизмот за да се гарантира слободата на вероисповедувањето ба граѓаните, и за да државата биде на еднаква оддалеченост од сите вери. Темелните начела на државата за на с не се тема на дискусија“, истакна премиерот Ахмет Давутоглу во говорот во Анкара.
Претходно во вторникот низ Турција се одвиваа неколку собири, од кои некои без жестоко растурени од полицијата, осудувајќи ги контроверзните изјави на претседателот на парламентот Исмаил Кахраман кои се зазема за „религиозен устав“. Кахраман е член на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP) од која се и премиерот Давутоглу и шефот на турската држава Реџеп Тајип Ердоган.
„Како муслиманската земја, зошто би требало да бидеме во ситуација во која се повлекуваме од религијата? Муслиманска земја сме: Пред сето друго, секуларизмот не смее да се наоѓа во новиот устав“, изјави Кахраман веднаш предизвикувајќи негодување од секуларните кругови и целата парламентарна опозиција.
Владејачката АКР, исто така, се огради од изјавата на Кахраман. „Претседателот на нашиот парламент го изрази сопственото мислење“, реагираше претседателот Ердоган, кој во моментов престојува во посета на Хрватска.
Од доаѓањето на власта во 2002 година, опозицијата го обвинува Ердоган и неговата АКР дека го исламизира турското општество./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Тројца загинати и седум лица во тешка состојба по превртување на автобус кај Сремска Митровица

Состојбата на повредените во тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Сремска Митровица, во која животот го загубија три лица, и понатаму е сериозна, изјави денеска директорот на Општата болница во Сремска Митровица, д-р Војислав Мирниќ.
„Хоспитализирани се 39 пациенти. Од нив, седум се со потешки повреди и се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега, додека 15 пациенти се подготвени за отпуст,“ рече Мирниќ.
Тој прецизираше дека 13 пациенти од Одделението за општа хирургија и двајца од Одделението за ортопедија се во стабилна состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.
„Се врши дополнителна дијагностика за сите пациенти, а во наредните 48 часа очекуваме уште дел од нив да бидат подготвени за отпуст. Посетите во болницата се дозволени од 14 до 16 часот,“ додаде Мирниќ.
Во несреќата, која се случила на патот меѓу Сремска Митровица и селото Јарак, загинале три лица – две на самото место и едно во болница, од последици на тешките повреди.
Вкупно 61 патник бил прегледан во митровачката болница, а 39 лица биле задржани на лекување. Осуммина се на интензивна нега, дваесетмина на општа хирургија, а единаесетмина на ортопедија.
Еден пациент е префрлен во Ургентниот центар во Нови Сад, а друг во Белград на понатамошно лекување.
Автобусот на превозникот „Сирмиум бус“, кој превезувал работници, под засега непознати околности излетал од патот и се превртел. Возачот на автобусот, Д. К. (1955), е уапсен поради сомнение дека ја предизвикал несреќата во која загинаа три лица. Нему му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.
Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.