Контакт

Македонија

Нови 68 двокатни автобуси за Скопје

Објавено пред

Нови 68 новопроизведени двокатни автобуси владата преку Министерството за транспорт и врски му додели на Градот Скопје.

dobivaj vesti na viber

Нови 68 новопроизведени двокатни автобуси владата преку Министерството за транспорт и врски му додели на Градот Скопје.

Автобусите се намените за јавниот градски превози и истите се испорачани неколку месеци пред предвидениот рок согласно договорот.

Автобусите се произведени од компанијата „Јутонг“ од Народна Република Кина, дизајнирани се во ретро стил како оние што се користеле во педесеттите и шеесетите години од минатиот век во Скопје и истите се препознатливи исклучиво за главниот град и нема да се возат на друга локација бидејќи не се во сериско производство. Тие ги исполнуваат сите потребни стандарди, односно имаат емисија на издувни гасови „ЕУРО 4“, дигитален тахограф, автоматски управувана рампа за инвалидски и детски колички, целосно се климатизирани и многу поудобни од автобусите кои моментално се користат во главниот град.

До сега во Македонија се пристигнати 68 двокатни и 80 нископодни автобуси и истите сe пуштени во сообраќај. а до крајот на 2013 година треба да бидат испорачани преостанатите 66 автобуси.

„Набавката на 202 двокатни автобуси, петнаесет отворени двокатни автобуси, како и 80 нископодни автобуси и 16 минибуси, претставуваат реализација на проектот за обновување на возниот парк на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, со што за граѓаните на Скопје ќе се обезбеди удобен, безбеден и модернизиран јавен градски превоз во главниот град на Република Македонија“, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

„Потребата за обнова на возниот парк и овозможување на пристоен превоз за граѓаните на Скопје е произлезена од фактот дека истите со децении наназад, се возат во застарени автобуси со лоши услови за чие подобрување во минатото и не се водело грижа“, велат од министерството. /крај/со/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Град Скопје ја заврши реконструкцијата на улицата Волковска

Објавено пред

Град Скопје со Јавното претпријатие Улици и патишта Скопје ја заврши реконструкцијата на ул. Волковска.

dobivaj vesti na viber

Од Градот велат дека реконструкцијата се состоела во две фази, од кои првата фаза на реконструкција на подземната инфраструктура, се изгради нова атмосферска канализација со профил Ф500 по улицата 100 во Волково, со што се реализирало уште едно ветување од програмата. Станува збор за проект со кој се гради нова атмосферска канализација во вкупна должина од 1650 метри, кој го реализираше од скопското јавно претпријатие Водовод и канализација.

„Со овој проект се разрешува долгогодишниот проблем со кои се соочуваа жителите на ова населено место во општина Ѓорче Петров, каде по обилни дождови, доаѓаше до излевање на фекални води и преоптоварување на мрежата. Со изградба на атмосферската канализација се создаваат услови за идно приклучување на останатите линии во овој реон на новата атмосферска мрежа, со што дополнително ќе се подобри функционалноста на канализациониот систем“, информираа од Град Скопје.

Во втората фаза се реконструираше коловозот во вкупна должина од 1700 метри на површина од 13.240 метри квадратни, се поставија нови рабници, се обновија тротоарите за подобрување на пристапот за пешаците и се нивелираа на над 30 шахти. Со реконстукцијата на коловозната површина на оваа сообраќајница се овозможи побезбедно движење на граѓаните кои живеат во овој дел од градот, како и на сите учесници кои во сообраќајот.

Преку инвестициите во комуналната инфраструктура се надминуваат предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со години и се овозможува порамномерен развој, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел, особено проекти кои биле неопходно потребни, а не биле реализирани со децении.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Обезбедени 13,7 милиони евра за заостанати обврски, започна модернизација на Армијата

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ за време на своето седумгодишно владеење не само што била неспособна да реализира големи проекти, туку и редовните обврски кон вработените во Армијата и Министерството за одбрана биле системски занемарени. Според партијата, СДСМ со години не исплаќала надоместоци предвидени со закон, што резултирало со бројни тужби.

dobivaj vesti na viber

Со преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ обезбедила 13,7 милиони евра за исплата на заостанатите обврски, вклучително и регрес за годишен одмор. Ќе бидат наградени 436 војници кои се бореле со пожарите минатото лето. За модернизација на Армијата годинава се одвоени 106 милиони евра, што е за 18 милиони повеќе од лани. Донесен е и нов Закон за вработените во Министерството за одбрана со цел подобрување на нивниот статус и мотивираност.

Прикажи повеќе...

Македонија

И денес температури до 40 степени, од среда заладување и ветер

Објавено пред

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, јавува УХМР.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена нестабилна облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C. Локална појава на нестабилност ќе има и во првите два дена од следната седмица, кога ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура, а претежно во северните делови во среда ќе има локални врнежи од дожд.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава46 минути

Македонецот Никола Станишиќ победник на „Ѕвездите на Гранд“, во финалето ја запеа „Ако утре ме нема“ од ДНК и им ја посвети на жртвите од „Пулс“

Македонецот Никола Станишиќ е победник на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, освојувајќи ја титулата со најмногу гласови од публиката...

Македонија4 часа

И денес температури до 40 степени, од среда заладување и ветер

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има...

Свет4 часа

Бројот на загинати во поплавите во Тексас се искачи на 50, продолжува потрагата по децата

Бројот на жртви од поројните поплави во Тексас, на југот на САД, се искачи на 50, додека потрагата по десетици...

Свет4 часа

Илон Маск: Основав нова партија

Илон Маск најави основање на нова политичка партија во САД под името „Американска партија“, еден ден откако на социјалната мрежа...

Свет4 часа

„Најдобриот разговор досега“ – Зеленски по телефонскиот повик со Трамп за системите „Патриот“ и одбраната на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша својот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп како најдобар во целиот овој период,...

Македонија14 часа

ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на...

Топ20 часа

Претставувајќи се како божји човек кој крши магии, скопјанец дошол до 400.000 евра од сопружници, барале помош за синот

Педесетчетиригодишен маж од селото Трубарево, скопско, е приведен поради сомнеж за измама, со што се стекнал со противправна имотна корист...

Македонија22 часа

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија23 часа

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ23 часа

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ1 ден

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет1 ден

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија1 ден

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија1 ден

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт1 ден

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија2 дена

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ2 дена

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ2 дена

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија2 дена

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија2 дена

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...