Контакт

Свет

Русија достави 11 авиони „миг 29К“ на Индија

Објавено пред

Русија достави 11 воени авиони „миг“ на Индија за опремување на носачот на авиони, што треба да го достави следната година, јавува Интерфакс, повикувајќи се на директорот на корпорацијата МиГ Сергеј Коротков.

dobivaj vesti na viber

Русија достави 11 воени авиони „миг“ на Индија за опремување на носачот на авиони, што треба да го достави следната година, јавува Интерфакс, повикувајќи се на директорот на корпорацијата МиГ Сергеј Коротков.„Веќе доставивме 11 авиони. До крајот на годината ќе бидат доставени уште пет“, рече Коротков.Русија во 2004. година потпиша договор за снабдување на Индија со 16 авиони од типот „миг-29К“, како дел од договорот за модернизација на носачот на авиони „Адмирал Горшков“, наменет за индиските поморски сили.Цената за модернизација на бродот достигна 1,5 милијарди долари, бидејќи крајните планови за исполнување на планот беа одложени за неколку години.Доставата на носачот на авиони ќе се случи во 2012. година.Русија подолго време е воен снабдувач со оружје на Индија и обезбедува околу 70 проценти од военото снабдување, иако Индија се снабдува и од други држави, како Израел и САД. /крај/иф/фк/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Кадиров: Го замолив Путин да ме разреши од должноста

Објавено пред

Лидерот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров, изјави дека побарал од рускиот претседател Владимир Путин да го разреши од должноста, среде шпекулациите дека здравствените проблеми наскоро би можеле да го принудат да се повлече.

dobivaj vesti na viber

Кадиров (48) стана шеф на Чеченија во 2007 година, откако беше назначен на таа позиција од рускиот претседател Владимир Путин. Според „Новаја Газета Европа“, Кадиров се подготвува да му ја предаде власта на својот 17-годишен син Адам. „И јас ги слушнав тие гласини. Тие пишуваат секакви работи“, рече Кадиров како одговор на објавите, објави владиниот портал „Чеченија денес“.

„Напротив, јас лично побарав да бидам ослободен од моите должности. Оној што ќе дојде, ќе има свои иницијативи, своја визија. Се надевам дека моето барање ќе биде прифатено“, додаде тој.

Ова не е прв пат Кадиров да зборува за повлекување. Во 2017 година, во телевизиско интервју, тој рече дека тоа ќе биде негова „животна желба“. „Тогаш беше потребен човек како мене да се бори, да воведе ред“, изјави тој за „Росија 1“ во тоа време, според Ројтерс. „Сега имаме ред и просперитет и време е за промени во Чеченската Република.“

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Русија и Украина разменија воени заробеници

Објавено пред

Русија и Украина денес разменија 205 воени заробеници, соопшти руското Министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се вели дека разменетите руски војници моментално се подложени на психолошка и медицинска евалуација во Белорусија, пред да бидат префрлени во Русија на понатамошен третман и рехабилитација.

„На 6 мај, како резултат на преговарачкиот процес, 205 руски војници беа вратени од територијата под контрола на режимот во Киев. Во замена, беа предадени 205 воени заробеници од вооружените сили на Украина“, објави министерството. Министерството ги пофали посредничките напори на Обединетите Арапски Емирати во реализацијата на размената и изрази благодарност за хуманитарната поддршка.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потврди враќањето на украинскиот персонал, истакнувајќи дека групата вклучува припадници на различни гранки на војската, вклучувајќи ги и бранителите на Мариупол.

Зеленски изјави дека ослободените војници биле притворени на повеќе локации низ Русија и им се заблагодари на сите вклучени во преговорите, вклучително и на ОАЕ, за нивната улога како посредници.

Тој ја повтори посветеноста на Киев да обезбеди враќање на сите притворени Украинци. Оваа размена следува по претходната, одржана на 19 април, кога Русија и Украина ја извршија најголемата размена на затвореници од почетокот на конфликтот, ослободувајќи по 246 лица.

Прикажи повеќе...

Свет

Канадскиот премиер: Канада никогаш нема да биде на продажба; Трамп: Никогаш не вели никогаш

Објавено пред

Канадскиот премиер Марк Карни изјави денес од Овалната соба во Вашингтон дека „Канада не е на продажба и никогаш нема да биде“, само неколку минути откако актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека границата меѓу САД и Канада е „вештачка“ и повторно фантазираше за идејата Канада да стане дел од САД, пренесуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Трамп рече дека двајцата нема да разговараат за „анексијата“ на Канада од страна на САД, освен ако, како што рече, „ако некој не го сака тоа“. Тој додаде дека во случај на „прекрасен брак“ на двете земји, Канада би имала „огромна корист“. Актуелниот американски претседател постојано јавно ја споменуваше идејата, и покрај тоа што канадското раководство постојано ја отфрлаше.

„Знаете, јас сум градежен изведувач во срцето“, им рече Трамп на новинарите. „Кога таа вештачки нацртана линија ќе се отстрани, кога ќе ја погледнете таа прекрасна формација кога е споена, јас сум многу уметнички човек.“

Карни брзо возврати, користејќи јазик за кој мислеше дека Трамп ќе го разбере: „Знаете, од светот на недвижностите – има места каде што едноставно не се продаваат. Ние сме во едно од нив во моментов. Вие ја посетивте Бакингемската палата. И откако разговарав со „сопствениците на Канада“ во последните неколку месеци, можам да ви кажам – Канада не е на продажба. Никогаш нема да биде. Но, можноста е во партнерството и во она што можеме да го изградиме заедно“, рече Карни.

На прашањето дали таквото одбивање ја отежнува соработката во трговијата и другите прашања, Трамп рече не, но додаде: „Но, знаете што велат – никогаш не вели никогаш“.

Ова беше прва средба меѓу Трамп и Карни откако новиот канадски премиер ја презеде функцијата. Карни претходно вети дека ќе заземе цврст став кон Вашингтон, особено во врска со трговските спорови и граничните прашања.

Трамп ја започна средбата честитајќи му на Карни за победата, додавајќи: „Јас сум веројатно најдоброто нешто што му се случило“. „Ќе бидеме пријатели со Канада“, рече претседателот. „Без разлика што ќе се случи, ние ќе останеме пријатели.“

Кога беше прашан за царините, Трамп беше јасен дека Карни нема да чуе ништо што би довело до укинување на американските царини за канадските производи. Карни одговори дека тоа е „тема за поширока дискусија“.

Односите меѓу САД и Канада значително се влошија поради царините на Трамп и неговите изјави дека Канада треба да стане 51-ва држава на САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Уважена жалбата на Асмир Јахоски: излегува од притвор со парична гаранција

Апелациониот суд Скопје информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KСЖ-406/25, на нејавна седница одржана на ден 06.05.2025 година, ја уважиl...

Македонија7 часа

Обвинение против вкупно 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 7 лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба...

Македонија8 часа

(Видео) Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение, обвини СДСМ

Граѓаните се соочуваат со нови ценовни шокови по маркетите и продавниците. Цените повторно се покачени по истекот на мерката за...

Топ8 часа

10-годишно девојче со тешки повреди донесено во болница во Прилеп: со возило ја прегазил нејзиниот 7-годишен брат

Вчера во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилеп било пријавено дека кај нив со...

Топ9 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: незаконски вработил вкупно 127 лица

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на...

Македонија9 часа

Пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град: УХМР најави невреме за среда

Од УХМР известуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде...

Македонија9 часа

„Пливачите останаа на цедило – министерот Борко плива во тишина и безидејност“, велат од партијата Левица

„Министерот за спорт, Борко Ристовски се нама огласено по затворањето на базенот „Борис Трајковски“, а ветуваше брзо и ефективно решавање...

Македонија10 часа

Обвинение против 59-годишник за полов напад врз дете: го допирал малолетникот во парк во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе обвинение против 59-годишник кој се товари за полов напад врз малолетник,...

Свет11 часа

Фридрих Мерц не ја доби поддршката за нов канцелар на Германија

Конзарвативниот германски лидер на Христијанско-демократската унија (CDU/CSU) Фридрих Мерц не успеа да го обезбеди потребното мнозинство во Бундестагот за да...

Регион11 часа

Украл автомобил со мало девојче внатре: драма на бензинска пумпа во Србија

Полицијата во Обреновац од синоќа бара „Пунто“ кое еден маж го украл од бензинска пумпа, забрзал и избегал, објави „Телеграф.рс“....

Свет11 часа

Министерка на Трамп до Харвард: Нема потреба повеќе да барате владини пари, нема да ги добиете

Министерството за образование на САД во понеделник го извести Универзитетот Харвард дека ги замрзнува милијардите долари наменети за идни истражувачки...

Македонија12 часа

Тошковски склучил скандалозен тендер од 500.000 евра со фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција, обвини Левица

На 25 март, министерството на Панче Тошковски склучило скандалозен тендер во вредност од 575.000 евра со компанијата „Дон Холдинг”, фирма...

Свет13 часа

(Видео) Москва нападната со дронови, затворени сите аеродроми

Русија соопшти дека Украина синоќа извршила напад со беспилотни летала насочени кон Москва. Сите четири главни аеродроми во Москва беа...

Македонија1 ден

На многумина ќе им бидеме пречка, но како премиер нема да отстапам од правото да говориме на македонски, јазикот е нашиот неспорен идентитет, вели Мицкоски

Пред осумдесет години, на оваа почва, се кодифицираше македонскиот литературен јазик. Тоа беше повеќе од административен чин. Тоа беше признавање...

Македонија1 ден

Љутков: Македонскиот јазик низ историјата помина низ многу предизвици и тешкотии

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска се обрати на Свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот...

Економија1 ден

Поевтинуваат дизелот и бензините

Цените на горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија1 ден

Мицкоски му даде две опции за избор на Таравари, да остане во Влада или да оди со ДУИ: Во политиката образот или го имаш или го немаш

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Штип потврди дека попладнево ќе се сретне со лидерот на едно крило од Алијанса за...

Топ1 ден

Семејно насилство во Охрид: татко ја истепал ќерка си, по што се вклучиле и други членови на семејството

Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека Р.Б. од Охрид физички ја нападнал неговата ќерка, по што...

Македонија1 ден

(Фото) Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на „Владимир Комаров“, прашува СДСМ Аеродром

„Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митески во Општина Аеродром е видлива буквално на секој чекор. Реконструкцијата на тротоарите на половина...

Македонија2 дена

Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Заев 7 години беа заштитници на криминалот и криминалните банди. СДС, Заев и Спасовски им дадоа пасоши на...