Македонија
Македонија и натаму преговара со Хјулит Пакард

Македонија и натаму останува во дискусии со Хјулит Пакард.
Македонија и натаму останува во дискусии со Хјулит Пакард.
Ова, за Макфакс го изјави министерот за странски инвестиции Веле Самак по повод информацијата на турските гласила дека најголемиот светски производител на компјутери Хјулит Пакард (ХП) ќе гради фабрика за десктоп компјутери во Турција вредна 60 милиони долари, за која во игра била и Македонија.
„Македонија дури и во денешнава голема криза е ретка атрактивна земја за инвестиции, која ХП ја смета за конкурентна за други тековни проекти, за лаптопи, сервери и центри за поправка на опрема“, вели Самак, додавајќи дека Македонија е за дури 40 насто поевтина од Турција.
ХП го одбрал градот Чорлу во европскиот дел на Турција како локација за новата фабрика во која треба да се произведуваат 200 илјади десктоп компјутери, јави во вторникот турскиот весник Сабах.
Фабриката која треба да се изгради за 18 месеци ќе обезбеди работа за две илјади луѓе, наведува весникот, додавајќи дека претставниците на ХП биле привлечени од турските субвенции, логистика и пазарот во експанзија./крај/со/ил/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село“ на регионален пат Р1312, делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се воспоставува нормален режим на сообраќај во двата правци, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја дел од Сопиште и дел од Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека денеска ( Среда ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 12:00 часот, дел од с.Сопиште (на главен пат околу,,Давидоф“).
. во периодот од 12:30 до 14:30 часот, дел од ц.Долни Нерези-Карпош.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за повремен дожд

Сончево со мала до умерена облачноста. Во северните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието и во источните од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) во четврток дневната температура значително ќе опадне (од 8 до 10 степени). Во петок ќе се задржи посвежо време и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а температура ќе биде во постепен пораст.