Спорт
Иран протестира заради логото на ЛОИ 2012
) Олимпискиот одбор на Иран (ИОО) испрати званичен протест заради логото на Летните олимписки игри во Лондон 2012 година. Според Генералниот секретар на ИОО Бахран Афшарзадех логото носи расистичка порака. Тој појаснува дека во бројката 2012 е скриен зборот ЗИОН кој во библиската терминологија го означува Ерусалим. Ова според Иранците предизвикува револт кај нивните граѓани. Доколку логото не се промени Иранците најавуваат бојкот на игрите.Меѓународниот олимписки комитет веднаш се огласи со изјава дека логото на ЛОИ 2012 не содржи никаков сокриен збор, ниту Зион. Лордот Себастијан Коу изрази зачудување, додавајќи дека логото е претставено уште пред четири години, а во Иран сега реагираат за наводна сокриена порака.крај/хина/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Нема место во Баерн, Тел заминува на позајмица
Матијс Тел беше претставен како важно засилување и проект на Баерн, но кај Винсент Компани нема место во тимот, па разделбата е блиску.
Во претходните две сезони Тел и покрај тоа што имаше само 19 години редовно добиваше шанса, особено кај Томас Тухел. Работите се сменија со доаѓањето на новиот тренер. Венсан Компани смета дека младиот Французин не му е потребен.
Од почетокот на сезоната, Тел има само четири настапи во Бундеслигата, од кои еден во второто коло против Фрајбург. Оттогаш не игра разделбата е извесна што потврди и спортскиот директор на Баерн:
„Разговараме со играчите, како и со стручниот штаб, бидејќи за нас е важно момците да преземат добри чекори во развојот на нивните кариери“, изјави Фројнд.
Баерн би можел да го испрати Тел на позајмица, а договорот на Французинот со клубот од Минхен истекува во 2029 година.
Спорт
Ла Лига: Винисиус се занимава со пиратерија
Винисиус Жуниор поради повреда не играше за Реал против Ливерпул, во средата. Реал загуби на „Енфилд“ со 2:0.
Бразилецот и покрај тоа што не играше успеа да предизвика скандал и реакција од Ла Лига. Тој со објавата на Инстаграм сакаше да покаже колку му е тешко што не е со тимот на „Енфилд“.
Винисиус се снимил како го гледа натпреварот во својот дом во Мадрид и го објавил на споменатата социјална мрежа. На екранот на неговиот телевизор јасно се гледа логото на ТНТ Спортс од Бразил. Ова предизвика реакција од Ла Лига, која на Реал му испрати официјална жалба за однесувањето на својот ас.
„За време на натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал, Винисиус објави фотографија на Инстаграм како го следи натпреварот. На екранот се гледа логото на ТНТ Спортс. Ова е пиратерија. Кога некој ги гледа натпреварите од Лигата на шампионите од Шпанија, тоа мора да се направи преку Мовистар канал, кој ги плаќа правата за споменатото натпреварување во оваа земја“, стои во дописот од Ла Лига испратен до Реал.
Спорт
Ливерпул без Конате во дербито против Манчестер сити
Централниот фудбалски настан во Англија викендов е дуелот помеѓу Ливерпул и Манчестер сити на „Енфилд“. Натпреврот ќе се одигра во недела од 17 часот.
Клубот од „Енфилд“ игра одлично од почетокот на сезоната. Ливерпул моментално е на врвот во Премиер лигата, како и во Лигата на шампионите, тимот со Арне Слот на клупата има 17 победи на 19 одиграни натпревари од стартот на сезоната.
Лоша вест за Слот е повредата на Ибрахим Конате. Дефанзивецот се повреди во средата против Реал. По последниот свиреж на судијата Франсоа Летексие тој остана на теренот каде му беше укажана помош, а потоа со помош на лекарскиот тим замина во соблекувалната.
Ливерпул претпладнево објави дека Конате нема да игра до крајот на годината, односно го очекува пауза од околу шест недели.
Веројатно на местото на Конате, во тандем со капитенот Ван Дајк ќе игра Џарел Кванса. Од стартот на сезоната Кванса има одиграно само 45 минути во Премиер лигата, две минути на теренот беше во Лигата на шампионите, а во Лига купот собра 180 минути.