Свет
Русија и Кина ја игнорираа расправата во СБ на ОН
Русија и Кина ја игнорираа седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), посветена на нацрт резолуцијата за осуда на насилната репресија на продемократските демонстрации во Сирија, се дознава од дипломатски извори
„Русија и Кина не сметаа дека е потребно да се појават, тоа е прилично јасна порака“, коментираат дипломатите. Според дипломатите на состанокот кој се одржа доцна синоќа не дошло до никакви промени во ставовите на 13-те, присутни, членки на СБОН. Моментно, резолуцијата планираат да ја поддржат десет земји, меѓу кои се и иницијаторите Велика Британија, Франција, Германија и Португалија. Нацртот на резолуцијата ја осудува крвавата репресија врз демонстрантите во Сирија и сугерира дека сириските сили за безбедност би може да бидат одговорни за злосторства против човештвото, но не предвидува никакви санкции. САД не ја спонзорираат резолуцијата, но ја поддржува и го осудува насилството во Сирија. САД вчера ја обвинија сириската влада дека предизвикува хуманитарна криза и повикаа на прекин на офанзивата. Покрај Русија и Кина, кои се закануваат со вето, на тестот на резолуцијата се противат Либан, Индија, Бразил и Јужна Африка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

