Спорт
Пласман на Мундијал, предизвик за Тошак
„Кога преговарав за да ја земам репрезентацијата на Македонија имав чувство дека со оваа репрезентација можам да постигнам успех. Тоа чувство некогаш го имате, некогаш сетилото ви вели не, ова за мене е предизвик“
„Кога преговарав за да ја земам репрезентацијата на Македонија имав чувство дека со оваа репрезентација можам да постигнам успех. Тоа чувство некогаш го имате, некогаш сетилото ви вели не, ова за мене е предизвик“, изјави на прес конференцијата со која беше претставен на македонската јавност новиот селектор Џон Тошак. „Знам дека квалификациите за ЕП се загубени, но ќе имаме една година да се подготвиме за квалификациите за СП во Бразил. Противниците ги познавам, посебно оние од островот (Велс и Шкотска), а против Србија и Хрватска тоа ќе бидат дерби мечеви. Во групата ја имаме и Белгија, за која ќе имаме доволно време да ја простудираме“, рече Тошак. Тој вели дека до почетокот на квалификациите, ќе има осум до девет мечеви кои ќе помогнат во градењето на репрезентацијата. „Мојот син Камерон кој ми е помошник ќе ги следи настапите на македонските репрезентативци во клубовите во странство и при подготовките и тренинзите со анализи. Бобан Бабунски со познавањето на играчите и приликите во Македонија исто така е од голем придонес“, објаснува Тошак.За играта на нашата селекција тој кажа дека мора да биде офанзивна, бидејки за да се победува мора да се постигнуваат голови. Но офанзивата нема да биде по секоја цена и самоубиствена, туку ќе зависи и од противникот. Мечот со Русија на 2 септември со кој Тошак ќе дебитира на клупата на Македонија го оцени како многу тежок, за разлика од вториот со Андора.Претседателот на ФФМ Хари Хаџи Ристески кој информираше дека Џон Тошак на седница на Управниот одбор е одреден да ја води Македонија во следните две години, и кој информираше за преговорите и кандидатите, на крајот на прес конференцијата, на селекторот му подари дрес на Македонија со број 10 и името на Тошак на грбот. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз
Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.
„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.
Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.
Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.
Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.
Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола
Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.
Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.
Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.
Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.
Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.
Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.
Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.
Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.
Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.
Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.
Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.
Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.
foto/ EPA

